Зоран Љутков, авторски права!?

Дигресија пред почеток

Еден голем моќен бизнисмен ми вика: „Виктор што се замараш со тај Боки, тај не е ни ветеринарен случај“.

Многу моќна перцепција. „Рекеташот“ во обид Боки Тредичи (13) трга во нов проект и вели: Венко Филипче е кримос, а во исто време сугерира со постапки за маалски муабети дека бил договорен со Христијан Мицкоски.

Не, другарче ти си беше договорен со Зоран Трајчевски да ти даде лиценца за ТВ станица. Но, тоа за ступидосите од СДСМ не беше проблем, се надевам дека и ВМРО нема да срљаат ко волови у купус.

Боки 13 мора да е во затвор. Баш ми е гајле што мајка му, му правела салати за јадење пред публика. Па, и на мене Трендо и Пуно ми прават пача и макало, па не идам на телевизија да јадам и да кажувам со каква љубов е направено мезево. Патем за мајка му ме интересира кој ја даде наредбата да и’ се понуди договор за работа и покрај пензионирањето.

И покрај мојата толерантност за сите Влади од девет месеци неможам природно да премолчам. Со проблемов ВМРО мора да се справи.

Ченто, Чавков, Југ, Кољо… и многу други во затвор, Боки 13 Тредичи со помпа сниман пред познат ресторан. Извини Христијан, ама дечкото мора да признае како изрекетирал заедно со Стефан Богоев и Наташа Петровска, познати бизнисмени.

Почеток на колумната

Јавно му се извинувам на Зоран Љутков Министер за култура и туризам, поради мојата нестрпливост поврзана со авторските права и уништување на македонскиот јазик и Конески, нашата богата ризница на други јазици од нашите браќа кои живеат во Македонија и целиот културен идентитет на Македонците поврзан со се’ што е музика и играорство. Не за џабе е речено дека во Македонија ќе те натпеат и ќе те надиграат.

Инаку министерот е извонредно воспитан човек. Ми вели: „Не биди љутко зошто во овој момент сум кај наколната населба во Охрид и неможеш да разбереш во каква жална состојба е. Виктор ова е наша историја“.

И кога велат дека неговата претходничка е „морален шљам“, јас дополнувам има и неверојатни способности за простотилук и незнаење. Ја создаде национална установа Џез Оркестар. Па, Њу Орлеанс е во Америка, а не во Македонија. Го изедначи со Танец и Македонска Филхармонија. Џез оркестарот прво мора да биде под МРТВ (затоа е проектирана на 50 милиони евра) може да добие непрофитна радио станица во Скопје (покровител Култура), како што беше договорено со покојни Љупчо Џез и заедно со Филхармонија и Опера и балет да добие ТВ канал на МРТВ и да се реемитува во соседството со потенцијални 10 милиони претплатници. Само 1 денар да бара може ако имаат памет да заработат 2 милиони евра.

Дотичната не разбира дека КУД Орце Николов постои од 1945 година и дека таму има четиристотини носии, тренерите работат за минимални трошоци,а завршија по десет педагошки академии зошто по 20 години тренираат деца, чии родители финансираат маички и турнеи итн. Бети Канчевска помагаше овде благодарение на Сретен, толку колку можеше, ама немаше никогаш да воспостави НУ Џез оркестар за да лечи сопствени комплекси и да и’ наштети на државата, зошто е паметна и гледа подалеку од носот. Џез оркестар е луксуз и од него мора да се заработува, а не да биде трошок.

Плус вака е отворена пандорина кутија. Кој сега ќе спречи иницијатива НУ Мухарем Сербезовски: За венчаним столом сада седиш ето и не гледаш никог, никог око себе, а шта би гледала видечеш мене, стави свој потпис и иди што прееее. На венчање твое… А,  ова е шабанарија нели? Јас кај Љупчо Џез слушав Индекси. Ви дадов памет. Најпаметно е да се расчисти одма.

Поранешната министерка не гледа спорт? Па, нели го заштити македонскиот јазик? Како тоа на сите спортски канали се коментира на српски и хрватски? За разлика од неа, Иван Стољковиќ знае дека мора да се говори на македонски јазик, нема да потпадне на национализам и експертски сељачизам (не од обични граѓани), нашиве не ги бива, туку напротив веднаш ќе ја примени тактиката кон мене со следниве прашања:

  1. Дали може ова мирно да се реши по дипломатски пат, без нервозни решенија? Да, ама ако се воспитани. Инаку во Македонија има спремна екипа која може да го расчисти проблемот за 30 дена, а во периодот на конфликт да бидат заштитени љубителите на спортот.
  2. Дали може да се применат и другите јазици како дополнителни, а во исто време да се коментира и на радио станиците? Да, само мора да бидат граѓани на Македонија и да живеат овде.

Многу е едноставно, само бара разум и љубов кон Македонија. За жал ова мораше да го реши АВМУ, ама Зоран Трајчевски… Кога му објаснував на еден пратеник му велам: За да не се постапи во заштита на Македонија или си екстремно глуп или си многу корумпиран. За неговиот заклучок, вие драги читатели сами ценете.

Нешто многу лично да Мицкоски што ќе го запрепасти кој се му се додворува. Да си директор на ЕМО-Охрид до 2012 година и да враќаш клучеви во 2018 година во ПУИК (ЈПСПДП) од деловни и станбени простории, да го оговараш Драган Даравелски и Аце Миленковски, а притоа да не знаеш дека Виктор не заборвил кој се Марио и Ема, а еден од приемачите на клучевите да е вујко на првите две деца на Виктор, значи братучед на нивната мајка, КОЛКУ ТРЕБА ДА СИ ГЛУП? За поклоните што сакал да им ги купува на Миле и Горде кога беа во затвор ќе му кажам само на Иво Котевски.

Инаку Зоран Трајчевски ги има сите документи против ЗАМП (голем дел обезбедени од мене) со кои се докажува за сериозна финансиска измама кон кабелските оператори и нанесување на штета на трети лица ТВ станици. Зошто овој човек директор на АВМУ, каде има криминал со авторски права не ги носи до ОЈО, сами заклучете?

Ги замолувам јавно сите угостителски објекти и спортски обложувалници, бидејќи вработувате многу народ, кога пуштате спортски канали тоа е јавно емитување (како кино исто) и морате да имате официјални платформи од Македонија. Не користете шатро фори зошто тоа е криминал и можат кога сакаат да ве затвори Пазарна инспекција и да одите во затвор. Не верувајте на креации на сметководители и адвокати. ОВА Е ВИСТИНАТА!

Сепак, најголеми консументи на авторски права се самите музичари, односно се извинувам едни од најголемите. Жално е со години да се мафтосуваат овие уметници. За да може да се реши нивниот проблем мора веднаш да се одземе дозволата на ЗАМП поради нивни причини и да се отвори меѓународен тенедер за заштита на следниве права што обложувалниците и угостителите не ги знаат: авторски, фонограмско-продуцентски и изведувачки права.

Како би изгледало тоа? Во кратки црти.

Се создава Здружение на музичари кое определува ценовник за чинење на настап на домашни музичари. Благодарение на Бени Шаќири има втор предлог како би изгледал настап на странски изведувач во Македонија. НЕ КАЖУВАМ. Кога се ангажира музичар од Македонија за церемонија: свадба, крштевка, матура, забава во угостителски објект итн. организаторот си бира музичар согласно ценовник и плус потпишан репертоар на песни кои ги поседува здружението за заштита. Се наплатува бруто и 10 проценти се двојат за: државата-3 проценти и 7 проценти за здружението. Сите се чисти. Истото правило важи и за фотографите и видео снимателите. 

Креативни организатори пред се’ угостители ќе помислат да прават варијации на измама и после ќе биде ко Ванчо Петрушевски-Тканди, се затна.

Но, угостителите мора и да запамтат нешто. Кога давате комјутерски сметки крадете три пати:

  1. Мене како гостин 18 проценти од сметката;
  2. Па државата 18 проценти;
  3. И на крај сам себе, магацинот не се совпаѓа со касата;

Ова правило мора да се разработи до конец од страна на државата без размислување за да угостителите се сложат и на следната фаза. А, тоа е да плаќаат паушали согласно закон за регистрирање на трговски друштва каде нивното јавно емитување ќе е совршено легално. Тоа значи носителот за заштита на сите музички права мора да се претстави легално. Значи да вложи во излезниот аудио сигнал во угостителскиот објект, односно да знае што се емитува.

На крај нешто за Зоран Љутков.

Да не ме разбере погрешно. Прв пат прекршува џентламенство. На состанок со Стево Пендаровски како Претседател на Македонија разговаравме за МРТВ и нивните кандидати. И прво ми вели кои се, а подоцна ме прашува за еден од нив : Што му значи тоа дека ќе снимал серии? Му велам: Сака да краде пари и да Ве злоупотреби сите.

Љутков друже и јавно пак ти велам. Се’ што сум научил во овие 22 години за Македонија имам намера да ти раскажам и да ти помогнам. Пари не ми требаат. Сам си го трасирам патот. А, ти не верувај во лажни експерти. Авторски права-во нивната суштина знаеме можеби тројца или четворица.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес