Зоран Заев не му верува на судството во кое мајката и сопругата на неговиот адвокат се судии и обвинители

Зоран Заев, пред неполн еден месец, изјави дека не му верува на македонското судство. Тоа го повтори и неговиот адвокатскиот тим, чиј предводник барем во јавноста беше Мирослав Вуиќ, адвокат и поранешен кандидат на СДСМ за градоначалничката функција во скопската општина Центар.

Но, главен адвокат на Зоран Заев е Филип Медарски, кој го бранеше во судскиот процес со премиерот Никола Груевски, за случајот „Македонска Банка“. Интересно е што заедно со лидерот на опозициската СДСМ, на македонското судство не му верува ниту Медарски, иако мајка му е обвинителка, а неговата сопруга судијка.

Имено, Елица Медарска, мајка на адвокатот Филип Медарски, е обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Софија Медарска претходно Спасова, пак, сопруга на Филип Медарски е судијка во скопскиот Основен суд 2. Софија е ќерка на Ристе Спасов, секретар на судот. Значи, по логиката на нештата, мајка му на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува. Од ова произлегува дека најтесното семејство на адокатот на Зоран Заеав е одлично распоредено во македонскиот правен систем, дели правда, иако Заев не верува токму во тој систем.

Меѓудругото, Нетпрес од сопствени извори дознава дека мајката и сопругата на Медарски во соите кариери напредувале пред извесен период. Па, оттука се наметнува прашањето ако судството во земјава беше зависно и не може да му се верува, тогаш како најблиските роднини на адвокатот на Зоран Заев достигнале до такви позиции во македонскиот судски систем?

Сестрата на Филип Медарски, пак, Ана Медарска Лазова, работи на прием на тужби за Република Македонија во Стразбур. 

Претходно таа, цели четири години била ангажирана од Институтот Отворено Општество, попознато како Фондација Сорос, како проект менаџер.