Зорица Чавкова со порака до дипломатскиот кор во Македонија

Ќерката на Митко Чавков преку својот фејсбук профил му се обрати на дипломатскиот кор во државава.

Почитувани претставници на дипломатскиот кор во земјава, дозволете ми да ве известам за политичкиот прогон кој се случува врз татко ми ( Митко Чавков ), кој е цел на брутална тортура од страна на властите. Имено на 12.03.2019 година на само две дена пред изрекување на пресудата, татко ми е лишен од слобода и однесен во притвор, без образложение и без доказ, обвинителството се повикува на некаква службена белешка, без извор и без поткрепа дека татко ми поседува вила на Халкидки (Грција) каде као што тврдат тие планирал да бега. Најостро демантирам дека татко ми или моето семејство поседува било каков имот во соседна Грција и сето наведено е една груба лага, која има за цел оправдување на политичкиот притвор. Притворањето на човек неколку дена пред да биде изречена пресудата е преседан за правото во државата и демократскиот свет, тоа го потврди и ценетиот професор на правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев, кој во гостување на тв 21 изречно кажа дека се работи за до сега невидена работа, која упатува на тоа дека пресудата впрочем е однапред донесена. Ваши екселенции токму поради сето горе наведено се сомневам на политички притисок и прон врз татко ми кој трае подолго време. Дополнително сакам да потсетам на неправедниот начин на амнестија со кој беа ослободени директните причинители на настанот (пратениците кои го извршија делото) додека татко ми, кој во тоа време од позиција на професионалец се заложи максимално да не дојде до уште понесакани последици, делуваше според устав и закон и ги спаси животите на пратениците е цел на апсење и малтретирање невидено за цивилизирана Европа. Сакам да потсетам и дека властите се изживуваа врз татко ми за време на неговото прво притворање па беа вадени слики од притвор (што е против правно и казниво согласно КЗ) само за да го понижат. Кој ја нарача службената белешка? Обвинителката Вилма Русковска немала потреба да се сомнева во наодите од службената белешка!

Апелирам до вас да го разгледате целиот случај и да излезете со поддршка, не поради Митко Чавков, туку заради правото и владеењето на правото во оваа држава.

#немаправданемамир “ напиша таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.