Зорт Коалицијата СДСМ-БЕСА донесе внатрепартиски револт, дури 5 пратеници одат за БЕСА

Дел од аналитичарите коалицијата СДСМ-Беса ја прогласија за зорт коалиција, која треба на СДСМ да и ги донесе албанските гласови кои Заев ги губи поради неостварените ветувања и кои не ги доби во првиот круг од претседателските избори. Од партиски извори дознаваме дека токму затоа Заев бил повеќе од дарежлив за БЕСА, па така се говори дека и понудил дури 5 сигурни пратеници. Имено распределбата била двајца добитни пратеници во 6-та изборна единица, и по еден сигурен пратеник во првата, втората и петата изборна единица. Со други зборови Заев на Беса ќе и создаде цела пратеничка група од 5 пратеника, во време кога БЕСА вреди едвај еден пратеник во 6-та изборна единица.

Тоа предизвикало револт во коалицијата на СДсМ, но и меѓу општинските организации на владеачката партија. Особено незадоволство имало во 1-та и во 5-та изборна единица, каде општинските организации на СДСМ во Кисела Вода, Сопиште, Македонски Брод и Битола требале да трчаат за пратеници од Беса. Не помалку тензична била ситуацијата и во втората единица особено во Ѓорче Петров и Гази Баба кои исто така требале да и донесат пратеник на новата коалиција СДСМ – Беса. Тоа за Социјалдемократите кои требале да истрчаат на терен било премногу затоа што Беса едвај тежела 15 илјади гласа, а СДСМ треба да и создава пратеничка група на Беса. Генералниот секретар Николовски не можел да го задржи незадоволството особено од односот на Заев кон старите членови на СДСМ кои велеле дека со ова се скршнува од курсот на партијата и се разјадува внатрешното единство. Тепачката во СДСМ за пратенички места била голема затоа што анкетите покажувале изборен пораз што автоматски би значело немање на места во извршната власт што само ја зголемувала цената и желбата за пратеничките мандати. Дел од општинските организации уште сега се заканиле дека нема да работат за изборите доколку овие најави се преточат во пратенички листи. Коментарите биле дека СДСM на овие избори всушност ќе работи за Беса.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.