Зошто Гренланд им е потребен на САД

Препирката меѓу Вашингтон и Копенхаген за американското купување на Гренланд е само дел од пред неколку години започнатата битка за контрола над Арктикот.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во август годинава ја откажа посетата на Данска и со груби зборови одговори на отфрлањето на неговата идеја САД да го купат Гренлад од страна на данската премиерка Мете Фредерискен, која ваквата замисла на оцени како апсурдна. Како што објави прв весникот The Washington Post, функционерите во администрација на американскиот претседател ја разгледувале можноста на данската влада да ѝ понудат 600 милиони долари годишно за предавање на Герланд во неограничена сопственост. Притоа треба да истакне дека ова не е првиот обид во Вашингтон да ја разгледува можноста да го поседува островот. Имено, набрзо по завршувањето на Втората свеска војна тогашниот претседател Хари Труман ѝ понудил на Данска 100 милиони долари за Гренланд, но бил одбиен. Американскиот Стејт департмент, исто така, разгледувал опција да го купи Гренланд уште во 1867 година. А како што пишуваше недомана The Wall Street Journal , американскиот сенатор републиканец Тон Котен уште летото минатата 2018 година, му предлагал на данскиот амбасадор Ларс Херт Лозе, купување на Гренланд. Според сенаторот, данскиот дипломат „малку се изненадил“, но дијалогот „продолжил“. Котон годинава во својата изјава за весникот потенцира дека Гренланд е богат со природни ресурси и, во воено-стратешка смисла, неговото купување од страна на САД „би го заштитило островот од Русите и Кинезите“.

Упорноста на Трамп да го купи најголемиот остров на планетата кој има широка автономија во рамките на Кралството Данска, бездруго е сигнал за повторниот американски интерес за Арктикот, подрачјето богато со природни ресурси, но истовремено и дистракција во моментов од американската внатрешна политика. Понудата на Трамп да го купи Гренланд, истовремено е сигнал за Русија, и за другите арктички земји и за Кина, којашто според некои процени во Вашингтон има скриен интерес за Арктикот, дека Америка нема да стои настрана во борбата за контрола над овој дел од светот, каде што со топењето на мразот ќе се отворат нови поморски рути. САД веќе го зајакнаа своето присуство во регионот, отворајќи конзулат во гренландската престолнина Нуук, и финансирајќи нови аеродроми, образовни и социјални програми.

Крајната цел на Вашингтон, можеби, и не е да се дојде до поседување на Гренланд, но секако дека е претензија да се поседува одредена територија на него. САД, исто така, може по ова да се свртат кон купувањето на морнаричката база Гронендал на јужен Гренланд, од чијашто продажба Данците се откажаа во 2017 година, бидејќи тогаш единствено заинтерсирани беа Киензите.

Глобалното затоплување оди во полза на Русите

Една од причините за најновото инсистирање на Американците преку Гренланд да се доближат до Арктикот, е и тоа што транспортот на стоките од Европа кон Кина преку северната рута е за окилу 40 отсто покус отколку преку Суецкиот канал. А поради глобалното затоплување, Северниот пол станува сѐ повеќе економски и транспортно интересен, и повеќе од јасно е дека во наредните геополитички судири на трациционалните противници од периодот на идеолошката Студена војна, сега ќе им се приклучи и „арктичка“ Кина. Така, мајскиот министерски самит во лапонската престолнина Рованиеми, главен град на покраината Лаппланд, го сврти вниманието на дел од светската јавност, бидејќи тој едноставно не значеше завршувањето на претседателствувањето на Финска со Арктичкиот совет, во кој уште се и Данска, Исланд, Канада, Норвешка, Шведска, Русија и САД. Новинарите тогаш беа повеќе заитнересирани за тоа што кажале за Венецуела, можеби и за Сирија и Уракина, американскиот шеф на дипломатијата Мајк Помпео и неговиот руски колега по должност Сергеј Лавров, кои разменија многу остри и спротиставени ставови пред да разговараат на маргините од состанокот, а од вид беа пропуштени главно процедуралните состаноци на претставниците на земјите кои ја делат доскоро неодржливото и недостапно пусто пространство „капата на планетата“, кои токму поради сега кога горат „белите дробови“ на Земјата – браилска Амазонија – силно потенцираните во медиумите климатски промени и глобалното затоплување го правата Арктикот подостапен и интересен за светските сили.

Самите параметри кои ги пресметала американската агенција за вселенски истражувања NASA, доволно кажува за причините фокусот на суперсилите да се насочи на поморските патишта и природните ресурси кои со милениуми беа заштитени од мразот. Имено, од 1979 година, количеството на мразот на Арктикот се намалувал во просек за 12,8 отсто секога деценија, што вкупно третставува намалување од околу 42 отсто во ланскиот септември, споредено со истиот период во 1980 година. Ваквиот тек на настаните наскоро ќе ја расчисти ткн „ледена рута“ преку Северното Море, преку која бродовите можеа да пловат само во текот на два до трите летни месеци, а веќе во текот на минатата 2018 година, по овој поморски пат пловеле бродови од 20 држави кои превезле приближно 20 милиони тони стоки, или двојно повеќе отколку во текот на претходната 2017 година. Рускиот претседател Владимир Путин на една трибина пролетва истакна дека овој сообраќај четирикратно ќе се зголеми до 2024 година. Според овие показатели, пресметката е едноставна – само преку летото исппораката на стоки од Европа до Кина ќе биде за 40 отсто покуса временски отколку преку Суецкиот канал, а притоа не само што се заштедува во време и гориво, туку може да се намалат и емисиите на јаглерод диоксид за повеќе од половина.

Досега ваквата ситуација на Арктикот ѝ носи повеќе полза на Русија, отколку на Западот. „Иднината на сверноморскиот пат е крајно оптимистична“, гласеше насловот во руските медиуми од април годинава, во која беа сумирани разултатите од неодамнешна студија на водечките руски научници. Имено, тие дкажале дека рускиот дел од Арктикот се загрева многу побргу од делот кој лежи на бреговите на САД и Канада. Мразот таму се топи само во лето, бидејќи во зимскиот период циклонските ветрови носат леден воздух од Гранланд, додека антициклоните од арктичкиот брег на Русија и преку зимата ја загрева околината со влажните ветрови.

 

Русија воспостави и одбранбен систем на Арктик

Во периодот на блоковската и идеолошка Студена војна, тогашниот СССР инвестираше многу на рускиот Далечен север, но со распадот на Советскиот сојуз замреа тие прокети. Меѓутоа, од почетокот на ткн Втора студена војна, нештата се променија со почетокот на забрзаната воена модернизација на регионот. Преку Северното Ледено Море „северниот поморски пат е нашата национална транспортна артерија“, рече претходно годинава шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тој тогаш ги потсети „западните партнери“, дека за транспортот по воден пат, како и за копнениот, правилата на сообраќајот ги одредува земјата преку која минува таа траекторија.

Уште пред пет години стана јасно дека Русија ја шири својата присутност на Арктикот, инсталирајќи таму ракетен систем земја – воздух – земја. Борбените ловци од типот „Миг-31“, исто така, се распоредени во оваа област богата со руди, заедно со новиот радар на островот Нова Земја во Арктичкото Море. Руската армија последните години е сѐ поприсутна на крајниот север, во време кога Москва полага право на големи области од арктичкото подморје за да ги осигури и својата бебзедност и правото на искористување на тамошните ресурси на нафта и гас. Арктикот поради топењето на мразот станува и сѐ позначаен деловен пат, што доведе до територијални спорови меѓу неколку земји, Северниот пол го присвојуваат Канада, Русија, САД. Норвешка и Данска.

Рускиот претседател Владимир Путин во септември 2013 година нареди повторно отворање на базата којашто се наоѓа на Новосибирските острови на Арктик, напуштена во 1993 година. Како причина ги наведе потребите од контрола на северните поморски патишта, имајќи го предвид и интересот на западните земји, вклучително и на НАТО за оваа област. Температурите во оваа област се спуштаат и до 50 Целзиусови степени под нулата. Путин и во април 2014 година порача дека Русија би требало да ја зајакне присутноста на Арктикот и да им парира на другите држави во експлоатирањето на најголемите нечепнати резерви на природните ресурси на светот, само неколку дена откако Русија го извезе првото количество нафта од ова област под брендот Arctic Oil (ARCO). Русија кон средината на април 2014 година го натовари својот прв танкер на „Газпром” со сирова нафта од брендот Arctic Oil (ARCO) од платформата во Баренцовото Море.

За својот иден економски раст Русија значително се потпира на развојот на големите наоѓалишта на енергенси на Арктикот, обидувајќи се да го заживее сообраќајниот правец низ мразот кој датира уште од советскиот период. Истовремено, САД, Норвешка и Данска, се борат за својот „чесен удел” во арктичките резерви од нафта и природен гас.

Откако Путин во 2013-та нареди повторно отворање на поранешната советска воена база на архипелагот Новосибирск, дваесет години откако беше затворена, таму беа испратени десет воени бродови и четири мразокршачи на нуклеарен погон. Рускиот претседател во декември 2013 издаде указ армијата дополнително да се фокусира на Арктикот и до крајот на годината да донесе план за изградба на новите воени бази во овој дел од светот богат со енергенси околу коj се натпреваруваат светските сили и откако кон крајот на 2014 година Пентагон објави дека ја подготвува својата прва стратегија за Арктикот, бидејќи забрзаното топење на мразот во ова подрачје дава поттикнување за глобалната трговија и искористување на енергијата, но тој процес може да го следат судири.

„Тука сѐ почесто се судираат интересите на арктичките сили, и не само нивните. Земјите кои се далеку од оваа област, исто така, покажуваат интерес за Арктикот. Во тие околности, мораме да преземаме дополнителни мерки за да не заостануваме зад нашите партнери, за да го задржиме нашето влијание во регионот и во некои аспекти да бидеме пред нашите партнери”, истакна рускиот претседател во 2013 година.

Причината за таквата реакција на Путин тогаш беа позачестените изјави на Канада, зад која стојат САД, дека ѝ припаѓа Акртикот. САД, Данска и Норвешка, исто така, бараат одредена контрола на Северниот пол и се залагаат, како што велат, за „чесна поделба“ на големите непипнати резерви на нафта и на природен гас.

Путин уште во 2014 година неколкупати нагласуваше дека Арктикот е клучен за иднината на руската економија и безбедност, а беа обновени и некои руски бази во оваа област. Планирани за реконструкција се и аеродроми на крајниот север, како Тикси, Наријан-Мар, Аликел, Андерма, Анадир, Рогачево и Нагирскаја. Руската армија, исто така, планира и да се обноват аеродромите на Новосибирските острови и Земјата на Франц Јозеф. Во 2014 година беше предвидено е и да се формираат воени единици за осигурување на воената безбедност и заштита на националните интереси на Руската Федерација на Арктикот.

Кон крајот на ноември 2013 година, тогашниот американски министер за одбрана Чак Хејгел во текот на конференција во канадски Халифакс посветена на безбедноста изјави дека американската армија ќе ги развие своја инфраструктура и можности, и ќе продолжи со одбрана на американскиот суверенитет околу Аласка. Американскиот министер за одбрана нагласи тогаш дека дел од новата стратегија е и соработката со другите земји во подрачјето на Арктик, вклучително и со Русија.

Мразот на Арктикот во 2012 година се намалил на најмалата површина откако започна сателитското снимање во почетокот на 1970-те, а многу експерти сметаат дека до средината на овој век мразот целосно ќе се топи преку летата. Како што мразот сé повеќе се повлекува, така бродовите сѐ повеќе го користат покусиот пар меѓу Атлантикот и Пацификот, а сѐ поголемата конкуренција меѓу потенцијалните истражувачи на нафтени и полиња на природен гас во подморјето.

 

Кинескиот чинител

Иако поголемиот дел од Гренланд е покриен со мраз – повторно – глобалното затоплување и топењето на глечерите во блиска иднина ќе го поедностават пристапот до богатите природни наоѓалишта на островот. Светските сили веќе прават пресметки и од особен интерес се разервите на ретките метали, а последните неколку месеци САД активно бараат добавувачи за нив надвор од Кина. Трговската војна меѓу Вашингтон и Кина влезе во втората година, а природните ресурси во спорот на двете најголеми според обемот светски економии имаат високо место. Ретките метали, макар и потребни во оскудни количества (честопати не повеќе и од грам), се исклучително важни за високо-технолошкото производсто. Без тоа, невозможно е производството на електрични возила, мотори за авионите, ветерни турбини, па ниту смартфони. Ретките земјени метали се неопходни и во воената технологија, без нив не може да се направи радар или ултразвучен локатор.

Иако тие се нарекуваат ретки, овие метали и не се толку ретки. Во текот на целиот XX век САД слободно ги добивале и не ја знаеле неопходноста. Сепак, се покажа дека нуспроизводите од обработките се токсични, нанесуваат штети на природната околина и може да бидат радиоактивни. Еколошките стандарди ја направија скапа екстракцијата на ретките метали во САД. Во 1990-те години водечката позиција во оваа дејност ја презема Кина, која контролира околу 90 отсто од вкупното светско производство на ретки метали. А Пекинг веќе даде до знаење дека може оваа предност добро да ја искористи во трговската војна со Вашингтон.

Според некои процени, од 120 милиони тони глобални резерви од оксидите на ретките метали, почвата на Гренланд крие 38,5 милиони тони. Локалните компании тврдат дека се справуваат со нивното вадење без кинеските технологии, но аналитичарите, сепак, сметаат спротивно. Борбата за грендландските резерви веќе започна откако Пекинг навести дека може да го ограничи извозот на металите во САД, по што Вашингтон со Гренланд потпиша меморандум за соработка во сферата на привлекување инвестиции во овој сектор. Набргу потоа, претставниците на кинеската корпорација „Shenghe Resources“ која се занимава со вадење ретки метали, се состанаа со колегите од австралиската компанија „Greenland Minerals“ која е активна на гренландското наоѓалиште на ретки метали во Кванфлејд. Притоа треба да се истакне дека „Shenghe Resources“ е еден од најголемите акционери во „Greenland Minerals“. Речиси истовремено, директорите на „Greenland Minerals“ раговараа со американската амбасадорка на Гренланд, Карла Сандс. Американска делегација, исто така, го посети наоѓалиштетот Кванефлејд, и тоа според аналитичарите, се совпадба со влошувањето на трговската конфронтација меѓу САД и Кина, како и со ненадејниот предлог на Трамп за купување на островот.

Со сето тоа може да се објасни и потегот на американскиот претседател, кој од една страна е поврзан со веќе постојните кинески активности во рударскиот сектор на Гренлнад, како и со обидот да се спречи натамошната експанзија на Пекинг на поларниот круг. Имено, проширувањето на кинеското присуство на Арктикот предизвикува сериозна загриженоста кај арктичките земји, иако во овој момент не може да се зборува за изразено кинеско присуство. Несомнено е дека Пекинг има интереси во арктичкиот регион, теоретски заинтересиран е за северноморскиот пат, како алтернатива на досегашните транспортни делници, но многумина сметаат дека Кина засега нема никакви глобални планови за зголемување на своето присуство на Арктикот.

Меѓутоа, иако во некои американски планови се разгледува сојузништво со Русија против кинескоти пенетрирање на Арктикот, се чини оти во моментов „Мечката“ се докажува како партнер на Кина кој покажал најголем интерес за вложувања во регионот, особено во ресурсите со природен гас и последните неколку години е постојан добавувач на Индија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур. „Големо внимание обрнуваме на Северноморскиот пат и размислуваме да го поврземе со кинескиот Поморски пат на свилата“, неодамна изјави Путин поречувајќи дека Русија нема „да го препушти“ Арктикот на „тажната судбина“, како што тоа своевремени Украина „му го направи на Крим“.