Зошто Македонците меѓусебно се мразат

1673

Не е некаков кликбејт наслов за да привлече внимание, туку некаква тегоба која цел живот ја носиме в себе уште од не знам си кога. Наследено или стекнато, еден црв огавен одвратен кој е така убаво завиткан со најдобра воља, цел и идеја.

Што е?

Дали темнината е отсуство на светлината? Дали омразата е отсуство на љубов? Како и во се’, ентропијата на универзумот не’ учи, на најбазично ниво, дека празен простор нема, она што за нас е ништо, е некаков квантен вакум, преполн со потенцијал. Така и со се’ друго. Дека сме страдалници секако, но низ страдањето, по подвизите на нашите историски личности, сме доразвиле омраза, не емпатија и љубов. Зошто…??? Никогаш нашите дејци, борци и свети Оци не повикале на омраза и геноцид, а го дале животот токму за тоа. Ние кои глумиме дека сме во нивно име сееме црно семе. Претешко за потполн одговор… можеме само да набројуваме.

Егејчишта!

…и секакви други наслови имаме за секој и за се’, именки навредливи до толку што ти менуваат структура на ДНК. Ако проучувате наш јазик, ние немаме пцовки, се’ ни е увезено од „сербските“ брачата кои се нумеро уно во свет по тој неславен рекорд, а ние се одушевувме на секоја им гнасотија јазична која ја поседуваат. Разбирам хумор, забава, но ова е лајтмотив после секоја трета ракија. А, клетвата наша е страшна, клетвата не дека фаќа или има реална маѓиска моќ… тоа е бре шаманско примитивно привикување на демонот во себе. Диманда Галас фецеси лапа спрема просечена клеветџика.

Ах, како само оправдуваме зошто ориџани ги мразет скопјанишчана, или егејчишчана кои сне нам ни земале, а они лапале работни места и станови, прилепчани – неготинчани, ајродромци – водњанци и се до ниво на звездаши – партизановци… нали? Каква огавна проклетија сме станале? Не се согласувате? Блазеси ви, позајмете ми ја кутијата со сликички одвнатре која си ја ставате на глава, да поуживам и јас низ вашата виртуелна розова утопија наречена „IQ 68“.

Најголема вина за ширење на истата ќе ја најдете тоакму кај оние кои се нарекуваат домољубци, патриоти, кои се окркаа $ дебело сеејќи омраза за секој сосед, бидеејќи стока која ги следи одма се лепи на нивните постови и изјави дека они нас не колеле, поробувале, сотрувале, дека треба Госпо да ги казнит, дека сите се олоши… и до кај дојдовме? Каде ви е сега иделогијата? Каде ви се резултетите? Што постигнавте освен жив ќар од рекетот кој го мавате?

Не сум до толку глуп и неписмен да не знам што нашите предци истрепеле и како страдале од сите наши соседи, но што со тоа? Одиме напред понатаму? Или ќе седиме стиснати во ќенефот на нашата идеологија која ама никаде не води? Како успеаа денес, Франција и Германија, после две светски војни со десетици милиони жртви на двете страни да се помират до толку да живеат како една земја? Само строги закони кои ќе им ја сошијат устата, плесни по џеб, три пати ќе се премисли што ќе каже, ќе мрази, ама нема да шири вирус никаде и никогаш, освен во себе.

А, мрачаната страна е полесна, колку е само лесно да мразиш за да на таков начин покажеш колку си ја сакаш земјата, народот, „колку е само заводлива мрачната страна“ – Јода, „Стар Ворс“. Класично продавање на душата и тоа токму од оние кои се декларираат како верници, а во храм не стапнуваат, дела немаат, а уста погана полна со земја. Луис Сјафери со „Ангелско Срце“.

Од мали задоени да се мразат: СДСМ – ВМРО, Македонци – Албанци, Роми, Турци, Бугари, Грци, Срби, Американци, Руси, Британци, Бил Гејц итн. итн… важно да се мрази, оти тоа ги исполнува.

Нема поента да се бара кој е виновен и кој прв почнал, ако сте наследници на оците ваши – прашате што вашиот ИДОЛ би направил, како би постапил? Да, нема потежок подвиг да сакаш да простиш.. зборот „извини“, кај нас се употребува само со иронија и формално.

Осмиот патник

Целатаа идеја на Елиен, филмот кој е еден од ултимативните во индустријата, со неговите продолженија во суштина има една многу длабока и едноставна приказна. Колку повеќе се изложуваш и доближуваш на злото (омраза), тоа ќе те зарази, ќе посее семе во тебе. Од него ќе израсне демон, чудовиште кое ќе те распачи одвнатре и ќе те убие, уништи, а злото кое си го изнедрил, ќе се шири понатаму.
Но, што па јас знам, терајте со тој памет, полесно ви е да си лечите фрустрациите на сопствената непособност, некадарност и импотенција, инаку зошто би биле такви какви што сте, вие кои мразите? Гледајте го Лимениот Барабан… ама друг пат за него.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.