Зошто не?

Пишав дека ќе бидам оптимист што се однесува за нашето битисување како народ и држава. Паметите? Не? Па, кој е будала да памети што бурекџијата пишал, има побитни памфлетџии кои ја зовриваат крвта со „покличи“ кон масите, јас сум тука само заради смирување сопствена совест, кога ќе ме чита, некој, некогаш, некаде иф воопшто, да заклучи види го ти мангава…

Секако, треба пишанки во риал тајм да се охрабрат луѓето дека се во право, не секој анализирал или има таков капацитет, но доволно да сослуша и навлезе, без да дозволи да биде манипулиран да дојде до правилен заклучок дека револтот му е оправдан и дека знае зошто протестира и против што.

За жал целава работа е дежа ву… и ако се протна минатиот пат со мијалковите 8-мина величанствено купо-продадени и овој пат ќе биде некоја надвор од закон, процедура, деловник донесување на поразителна одлука… и што тогаш?

Како да се спречи, негира кога нешто кај нас важи не ако е уставно туку ако е одобрено од амбасадори кои види мајката, со многу добра воља се мешаат во внатрешните работи на земјата, но и тука не се криви, ние со нашето полтронство ги направивме такви… никако… ваљда нема истите грешки од 27-ми да ги повториме и дозволиме? …нејсе.

Фрапирачка е запнатоста на власта да потпише било што, прифати било што, да проголта било што и се’ даде ем понуди, па тоа да биде и најдеструктивно и најпоразувачки за нас, како земја, а пред се како нација, култура, етнос, зошто толку голем инат? Зошто ни грам борба за сопственото? Зошто прифаќање на секакво понижување ?

Ај неколку со тире заклуоци даа не правам разводнет бурек од лепешки.

– Тезата дека ова е задња шанса и мора да прифатиме предлогот е НАЈОБИЧНА ЛАГА! Најдолна манипулација. Никогаш ниеден предлог ниту е последен, ниту е ултимативен а неговото неприфаќање не значи дека сме против ЕУ!!! Секогаш може нов и подобрен предлог! Одбивањето не е крај за нашиот влез во ЕУ!!!

– А, зошто суштински оваа власт олку запнала да се прифати? Од грижа за нас? Од емпатиски побуди? Од реално љубење на нашата култура, идентитет и достоинство? Не! Власт која за 5 години нема ништо, ама ништо направено, ништо видливо, дури ни доградено почнатото од претходната, со рејтинг кој е најкатастрофален во историјата, едиствена карта за спас му е вакво нешто. Знаете дека пртходно Преспанскиот и влезот во НАТО им беше карт-д-бланш за владеење. Спас им е само во барање мерѓународна помош, кредити, поддршка ем дотации од синови на берзански шпекуланти… само тоа може да им купи уште некој година власт.

Тоа е целиот мотив и затоа крваво ќе се борат – не за нас , за Македонија, туку за своите пари. Ова е борба за златната кокошка Македонија, златна за нив, за крадење и мафијашко работење, на шета на сите нас. Само полтронство надвор, а не кон својот народ, може или мислат, дека ќе ги спаси.

Статистиката и историјата не се во наша полза, но оваа борба е достоинствена и оправдана и тоа треба да е доволно за барање подобар предлог.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес