Постои една општа склоност кај родителите, а тоа е предвреме да си ги израснуваат своите деца. И тоа е една голема грешка. Се создаваат генерации на личности, на луѓе, со неизживеано детство. На 10, 11, па и 12 години, децата природно сакаат да играат игри во маало. Но, во денешно време многу тешко се наоѓа друштво за играње игри. Повеќето деца на таа возраст се однесуваат и прават работи кои прилегаат на повозрасни деца. Зошто едно дете на 12 години се однесува како да има 16 години? Па тоа дете ќе наполни 16 години и тогаш ќе се однесува како да има 16 години, зошто мора предвреме да порасне?
Ова, во емисијата „Бог и рокенрол“ што ја води новинарот Мартин Богатиноски на поткастот на Плусинфо, го изјави отец Милан Ѓорѓевиќ, филозоф, теолог и свештеник во Македонската православна црква (МПЦ-ОА).
Тој, меѓу другото, зборуваше и за влијанието на неквалитетната музика и несоодветните музички текстови врз децата, за теологијата во јавната сфера, за секуларизмот…