Зошто Русите се се’ посреќни?

Русите се се’ посреќни, покажало најново социолошко истражување на Серускиот центар за истражувања на јавното мислење.

Анкетата покажала дека чувството на среќа меѓу Русите моментно е највисоко во изминативе 25 години.

За среќни се сметаат дури три четвртини од Русите, а нивните среќни чувства особено се зголемиле во изминативе две години, покажало истражувањето. Според анкетата, среќата меѓу руската популација е најприсутна во периодот помеѓу 18-та и 24-та година од животот и меѓу оние кои имаат високо образование.

Истражувањето уште еднаш потврдило дека на Русите најмногу за чувството на среќа им значи среден семеен живот – секој трет анкетиран токму средениот семеен живот го навел како главна причина за среќа.

Покрај ова, испитаниците навеле дека среќни ги прави и ситуацијата на работното место.

Оние, пак, кои рекле дека се несреќни, главна причини за таквото нивно изјаснување ги навеле своите ниски приходи и болестите.