Зошто СОНК наеднаш го промени ставот за екстерното тестирање?

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски не гледа реална и вистинска причина за одржување на најавениот генерален штрајк во образованието, бидејќи социјалниот дијалог со Синдикатот нормално функционира. Токму затоа, Ристовски во интервју за Прес24, оценува дека мотивите за штрајкот се сосема други.

-Ако во 2000 година најниската плата изнесуваше 3.400 денари, а највисоката 7.600, во 2013 година тие износи се зголемени на 10.655, односно 20.694 денари. Како Влада предвидовме во следниот период и дополнително зголемување на платите за 4%… Во 2008 година, потпишан е нов Колективен договор според кој платата наместо по степен на образование, веќе шестта година се исплаќа по работно место. Значаен напредок е постигнат и во делот на трансформација на работниот однос на вработените во образованието, којашто од 2011 година се врши и на лица кои работат повеќе од 2 години на работно место. И до сега, за период од 4 години реализирани се речиси 7.000 трансформации, во кои секогаш е вклучен и по еден претставник од СОНК, заради транспарентност и заштита на правата на вработените.Така што, мојот личен став е дека во моментов не постои вистинска, поткрепена со факти, причина за организирање на штрајкот, вели Ристовски за Прес24.

Според него, она што дополнително фрла сенка во искреноста на раководството на СОНК е пшто меѓу барањата на синдикотот е и екстерното тестирање. Тоа, вели Ристовски е промена на досегашниот став на Синдикатот.

-Наставниците пишуваа нереални оценки, поради притисоците од родителите, тогашни политички и општествени моќници кои немајќи време да се посветат на образованието на своите деца, несвесно, со закани и уцени кон просветните работници, придонесуваа во градењето на генерации без доволно квалитетно знаење и познавање на работите коишто се учат на училиште. Сега, конечно ставивме крај на таа негативна појава, токму преку екстерното тестирање кое како реформа беше прифатено и поддржано од СОНК, а сите нивни забелешки и сугестии континуирано се имплементираа. Сега одеднаш ставот на СОНК по однос на екстерното тестирање се промени…Па зарем не е тоа малку симптоматично?, вели во интервјуто за Прес24, заменик министерот за образование и наука.

Тој потенцира дека обвунуивањата на опозицијата околу наставните програми по Кемнбриџ се само продолжување на опозициската деструктивна политика.

-СДСМ и овој пат тотално ја промаши целта. Имено, тие воопшто не ни знаеја со кого како Влада потпишавме договор за имплементација на оваа реформа, а се дрзнаа да критикуваат. Нивниот претендент за министер за образование и наука, во една негова колумна за Кембриџ, напиша дека се работи за “некоја си невладина организација од Британија“… Тоа е доволен доказ дека тие луѓе немаат никаква врска и елементарни познавања на образовните политики и на светски најдобрите практики. Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ е најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од 5 до 19 години, прифатени во 160 земји и над 9000 училишта. Таа воспоставена соработка за нас е привилегија. Сегашните и идните генерации добиваат можност да учат по истите наставни програми и од истите учебници како и учениците од Велика Британија, адаптирани на нашите национални особености. Нашите деца воопшто не се разликуваат од децата во Британија, ниту пак се помалку интелигентни, така што не гледам причина за обвинувањата на опозицијата за несоодветност на програмите, вели во интервјуто за Прес24, Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука.

Целото интервју прочитајте го тука

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.