Зошто владата екслузивно дава ковид помош од пола милион евра само на Арачиново? Има позагрозени општини во скопско и во Македонија

На седницата на Влада е донесена и Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид-19 кризата. Но зошто токму ваква помош е предвидена ексклузивно за општина Арачиново, а не за другите општини во Скопскиот регион и во Македонија кои имаат далеку полоша епидемиолошка слика.

Согласно последните официјални информации на Министерството за здравство објавени на 1 декември, општина Арачиново имале само 31 активен случај, што е далеку најмалку во целиот скопски регион. Така на пример општина Сопиште имале 57, општина Петровец 138, општина Чучер Сандево 100, општина Илинден 265, општина Студеничани 53, општина Сарај 169, општина Зелениково 84 активни случаи, а да не говориме за останатите скопски општини кои имаат по неколку стотици па дури и по илјада активни случаи.

ГАЗИ БАБА, АЕРОДРОМ, КИСЕЛА ВОДА, КАРПОШ, ЦЕНТАР – ОВА Е СОСТОЈБАТА ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ

Ваквата ексклузивна помош на општина Арачиново која и ја доделува Владата отвора сомнежи во јавноста. Одобрените половина милион евра доаѓаат непосредно после полициската акција која се случуваше токму таму со цел да се откријат 2 тона украдена марихуана чија вредност е 6 милиони евра . Полицијата посочи дека во акцијата открила само дел од украдената количина или поточно околу десетина од украдената марихуана чија вредност аналогно на тоа е околу половина милион евра.

Стравична коинциденција – Владата на Арачиново му даде пари колку што вреди дрогата што МВР ја заплени таму