Зошто врска, а не секс за една вечер?

Сметате дека се што ви треба е само секс, не сакате да трпите љубомора, проблеми, караници, тешки чувства, не ви треба одговорност, сакате само да се забавувате. Ви се чини дека сексот за една ноќ е идеално решение, но не е баш така.

Секако сексот за една ноќ е исто така забавна работа и не треба да се бега од тоа, но сексот во врска може да биде многу поинтересен и еве зошто:

Вашето момче знае точно што сакате

Секогаш е подобро покрај себе да имате некој кој знае каде треба да ве допре, а каде не и што треба да прави, а што не.

Поголеми се шансите за оргазам

Сексот во врската им помага на жените полесно да свршат, а тоа го докажале и бројни истражувања. Можеби причината е поради тоа што знае точно што прави, а можеби и затоа што се чувствувате попријатно.

Пробување нови работи

Многу е поверојатно некоја валкана идеја да ја споделите со момчето, отколку со некој кој не ви е близок.

Галење

Кога сте во врска, сексот доаѓа во пакет со галење пред и потоа, речиси секој пат, а тоа секако е предност.

Не е голем проблем кога ќе се случи нешто „непредвидено“

Кога ќе кажеме непредвидено, мислиме на непријатно. Не ни е сеедно пред партнерот, но сепак полесно се поминува кога си со некој кој те познава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.