Зошто жените живеат подолго од мажите?

Жените во просек живеат 6-8 години подолго од мажите. Истото важи и за животинскиот свет – лавиците може да живеат дури двојно подолго од лавовите. Научниците уште дефинититно не ја знаат точната причина, но, според некои научни сознанија причината поради која жените живеат подолго од мажите се половите хромозоми.

Според статистичките податоци на Светската здравствена организација (СЗО), просечниот живот на луѓето изнесува 71 година.

Од најсиромашните земји во Африка до најбогатите земји во Европа просечниот живот на жените во целиот свет пак е подолг од оној на мажите.

Според едно спроведено истражување од страна на научниците, причината за тоа се појаснува со тоа што мажите традиционално се понаклонети кон земање ризик, обезност, употреба на алкохол, цигари и опојни дроги.

Според ова истражување, машкиот хромозом „Y“ не содржи ниту еден ген од животно значење, додека женскиот „X“ хромозом е од критично значење за животот и на жените и на мажите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.