Зошто банкротираното електростопанство со 5 милиони евра купила фирма на Анѓушев?

Грчката опозиција во парламентот и пред медиумите ја обвини актуелната власт дека грчкото електростопанство со политичка одлука ја купило компанијата за трговија со електрична енергија ЕДС, инаку во сопственост на македонскиот вицепремиер Кочо Анѓушев во април оваа година, пренесува Катимерини.

Опозициските партии побара од Владата да понуди некое објаснување за стекнувањето на сопственост од страна на Јавното претпријатие за електростопанство (ППЦ) со, според нивни сознанија, депонирање на 4,8 милиони евра директно на банкарската сметка на Анѓушев.

Кој го дал политичкиот налог до менаџментот на ППЦ за купување на компанијата ЕДС за 5 милиони евра од вицепремиерот на БЈРМ пред договорот за името?”, рече портпаролот на „Нова демократија“, Василис Кикиљас за Радио “Скај” повикувајќи ги надлежните органи да го истражат случајот.

Во парламентот, заменик-претседателот на „Движењето за промени“, Јанис Манијатис, побара да се достават документи за да се објасни ова тврдење со докази.

Аквизицијата на ЕДС беше чисто деловна одлука на ППЦ во контекст на нејзината стратегија за проширување на балканскиот пазар. Во овој контекст, ППЦ постојано ги разгледува можностите во сите земји во регионот, се спротивстави министерот за енергетика, Јоргос Статакис, без да коментира за совпаѓањето на деловната одлука со времето кога се водеа интензивни дипломатски контакти во врска со прашањето за името.

За дел од грчката јавност е спорно што парите биле депонирани на личната сметка на Анѓушев, “како е пропишано со условите на договорот “, без спецификација, како што побарале од грчкото електростопанство, и дали овие сметки се поврзани на каков било начин со владејачката партија на Заев.

Особено треба да ја имаме во предвид леснотијата со која Грчката електростопанство обезбеди приближно 5 милиони евра, кога компанијата е во банкрот, со нефункционални кредити, недостаток на средства за модернизација и едноставно одржување на нејзините мрежи, а работниците се жалат дека не земаат плата. Проблемите на Грчкото електростопанство се потврдија и со пожарите на Атика, каде најверојатно причината беше проблем со електричната мрежа односно каблите во сопственост токму на Грчкото електростопанство.

Грчкото електростопанство најде средства да ја купи компанијата на заменик-претседателот во владата на Заев, но не и да ги исполни своите обврски кон снабдувачите со енергија во Грција (фарми со ветерници, соларна енергија итн) или пак унилатерално ги  намалува договорените цени со нив за нивните инвестиции.

Според Командантот на националната одбрана, Василис Кикилијас , “Грчкото електростопанство минатата година 2 до 3 пати избегнало банкрот.

Компанијата не можела да ги исплати ни платите. Заменик директорот на компанијата Хацидакис, заедно со шефот на Секторот г-дин. Скрекас, направи прес-конференција на тема електрична енергија, неспособност на компанијата да ги плати своите обврски, прекин на електричната енергија, проблеми со финансирањето. Два месеца пред Преспанскиот договор, Грчкото електростопанство ја купи компанијата на заменик-шефот на скопската владата за 5 милиони евра, што може да се направи само со политички мандат. Ова прашање е големо, премногу сериозно и треба да се да се истражи, вели Кикилијас.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.