Зошто ДУИ се чувствуваат измамени од Заев и Пендаровски

Две години од формирањето, Владата од крајот на претходната седмица е во голема криза поради судирите меѓу ДУИ и СДСМ, двата главни партнери на коалицијата предводени од Зоран Заев, поради обидот да се изврши смена во одредени ресори, и особено откако заедничкиот кандидат Стево Пендаровски како нов шеф на државата го именуваше Еролд Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнување, што наиде на остро противење на „интергативците“ на Али Ахмети.

ДУИ и СДСМ се во голема кавга поради назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнавање од страна на шефот на државата Стево Пендаровски, пишув Журнал. Пендаровски го назначи Муслиу во консултација со премиерот Зоран Заев и без дозвола од ДУИ, се додава во написот со наслов „Владата во криза, Заев и Пендаровски му забија нож во грб на ДУИ со Еролд Муслиу?!“

Муслиу на почетокот од професионалната карирера работел во УБК, а подоцна во Агенцијата за разузнавање, која е во надлежност на шефот на државата.

Незадоволството на ДУИ го изрази вицепремиерот Бујар Османи. ДУИ се противи на искачувањето на Муслиу на врвот на оваа агенција од две причини.

Првата е дека постои сомнеж дека Муслиу бил наводно вклучен во фалсификување документи на тајната служба на поранешна Југославија, каде од македонските служби кружеле документи, дека наводно, Али Ахмети, Муса Џафери и Фазли Велиу некогаш биле регрутирани од страна на УДБА, анализира порталот.

Во 2010 година, како што е познато, во Македонија овие наводи протекоа како  документи наречени „Мама”, „Вујко” и “Ибар”.

Комисијата за утврдување на факти подоцна заедно со ДСК ги отфрли овие енигматични  тврдења по истражувањето и ги исчисти имињата на тројцата високи членови на ДУИ. Тие заклучија дека станува збор за фалсификување и дека нема оригинални документи со такви тврдења за Џафери, Ахмети  и Велиу.

Но, Османи зборуваше само за втората причина поради која се  против одлуката на Пендаровски за Муслиу.

“… Позицијата на ДУИ е дека додека настаните во Куманово целосно  не се разрешат, никој кој бил дел од тогашните служби не треба да биде задолжен за вакви чувствителни институции. Затоа очекуваме дека во овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе размисли за неговата одлука “, изјави Бујар Османи за новинарите во Скопје.

Други високи членови на ДУИ за Журнал рекле дека информациите од оваа партија велат дека некои разузнавачки агенти предводени од Иванов, меѓу кои и Еролд Муслиу, се осомничени за вмешаност во “Манипулацијата” на оваа група да предизвика тежок инцидент во Куманово.

Ова е прв голем судир меѓу ДУИ и СДСМ и е само десет дена откако Пендаровски ја презеде претседателската функција на земјата за следните пет години. Во исто време овој судир станува уште поголем отколку што изгледа во јавноста , поради тоа што, со други зборови ова  значи дека за чувствителни и важни прашања кои се однесуваат на внатрешната безбедност на земјата само македонските политички партии се  оние кои одлучуваат.

Истото се случи и во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, кога партијата не ѝ требаа гласовите на ДУИ за формирање на влада, исто и сега кога  СДСМ има потреба  гласовите на Албанците за да формира Владата и таа да опстојува, пишува натаму zhurnal.mk

Тежината на овој судир порталот го поткрепува и со фактот дека не само ДУИ, туку и сите други партии кои се дел од Владата, како и некои во опозиција, се мобилизирале и му помогнале Заев, Пендаровски да победи на изборите.

ДУИ и другите албански партии имаат право да се чувствуваат предадени од Заев и Пендаровски, се заклучува во текстот на Журнал