Зошто луѓето со нулта крвна група се посебни?

Доколку припаѓате на нулта крвна група, вашето генетско наследство ви нуди можност да бидете силни, продуктивни, да имате долг живот и да бидете оптимисти.

Нулта крвна група е првобитен тип на нашите предци кои биле лукави, агресивни предатори. Личностите со оваа крвна група играат важна улога во секое општество, дури и до денешен ден.

Раководство, проактивност, енергичност и способност за концентрација се најдобрите карактеристики на луѓето со нулта крвна група.

Таквите личности можат да бидат моќни и продуктивни. Меѓутоа, кога се под стрес можат да станат лути, хиперактивни и импулсивни.

Лошата исхрана, недостиг на вежбање, нездравите навики или зголеменото ниво на стрес ги чини почуствивтелни на неповолни метаболички ефекти, вклучувајќи и отпорност на инсулин, намалување на активноста на штитните жлезди и дебелина.

Доколку спаѓате во оваа крвна група, вашето генетско наследство ви нуди можност да бидете силни, да имате долг живот и да бидете оптимист.

Што ја чини нулта крвна група уникатна?

Личностите со нулта крвна група имаат предиспозиција за одредени болести, како чиреви и дисфункција на штитните жлезди. Тие често имаат ниско ниво на хормон на штитните жлезди и недостаток на јод, хемиски елемент чија единствена цел е да го егулира хормонот на штитната жлезда. Ова предизвикува многу несакани ефекти, како дебелина, задржување на течностите и тумор.

k1Исто така, имаат повисоко ниво на желудечна киселина во однос на луѓето од останатите крвни групи, што доведува до иритација на желудникот и појава на стомачни чиреви.

Во Јапонија оваа крвна група веќе се поврзува со тип на личности. Таму дури и на интервју за работа може да Ви биде поставено прашање за крвната група. Луѓето со нулта крвна група најчесто се опишуваат како одговорни, посветени, организирани, фокусирани, совесни и практични.

Се верува дека имаат подобра ориентација и дека се подобри  логичари. Исто така се верува дека нивните предци биле ловци кои морале да набудуваат и прецизно да го проценат опкружувањето за да би можеле да преживеат.

Подложни на стрес

Поради прекумерниот бес и хиперактивност може да дојде до бес. Луѓето со нулта крвна група се подложни на деструктивно однесување ога се премногу уморни, депресивни или кога им е досадно.Тогаш можат да се препуштат на коцкање или пак да се занимаваат со повеќе активности кои го подигнуваат адреналинот, подразбираат ризик и импулсивност.

Избегнувајте го кофеинот и алкохолот. Кофеинот може да биде особено штетен поради подигнувањето на адреналинот и нивото на норадреналинот, кои се веќе високи во организмот кај луѓето со нулта крвна група.

Вежбањето е одлично решение, бидејќи има опуштачко дејство на целото тело. Повеќе од било која друга крвна група, нулта крвна група има потреба да биде физички активнапоради одржување на здравјето и емоционалната стабилност. Редовната физичка активност е неопходна три до четири пати во текот на неделата.

BLOOD-TYPE-DIETЗа најдобри резултати аеробните вежби треба да се прават триесет и четириесет и пет минути најмалку, четири пати неделно. Размислете и поставете си себеси цели. Така ќе можете да ги контролирате своите импулсивни реакции. Постепено воведете промени во својот начин на живот.

Конзумирајте ги сите оброци, дури и грицки. Џвакајте полека и бидете опуштени.

Избегнувајте големи одлуки или трошење пари кога сте од стрес. Ако имате вишок килограми, морате да вежбате. Вежбите од триесет до четириесет и пет минути и аеробните вежби се препорачуваат три до четири пати неделно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.