Зошто Македонците нема да гласаат на референдумот и зошто во НАТО И ЕУ тоа мора да го разберат!

Животот е сложен, но сепак во основа го придвижуваат едноставни нешта! Во истиот контекст може да се разбере и моменталната политичка состојба во Р. Македонија. Ситуацијата е сложена, но сепак, во основите на нештата се едноставни вистини! Вистината која ја гледаат огромен број освестени Македонци се состои во тоа што во моментот се одвива процес кој има за цел засекогаш македонскиот идентитет и интерес да бидат искоренети и обезличени, како во самата држава Р. Македонија, така и во регионот! Со постигнување на таа цел креаторите на овој процес сакаат да обезбедат некаква рамнотежа помеѓу некои регионални сили и на тој начин да наметнат влијание и артикулирање на своите интереси!

За нас Македонците овој процес е јасен и видлив, а и болен! Да, савесни сме за реалноста на овој свет, но свесни сме и дека во овој свет најчесто луѓето си фантазираат, ама Бог е оној кој одлучува!
Дека тоа е така најдобро сведочи силниот отпор кон овој процес од страна на најголемиот процент освестени Македонци! Ако некој само пред неколку години помислуваше дека во Р. Македонија е воспоставена тотална контрола од страна на политичките партии и некои меѓународни невладини организации и фондации, тогаш моменталната реалност сосем го негира неговото мислење!

Народот се наоѓа во состојба самоослободување, во состојба на будење, во состојба на повратена самодоверба, во состојба на достоинствена сила! На ваков НАРОД креаторот на процесот на наше сомоугушување не сметаше! Но народот е тука! Не сме веќе само објект на обработка, туку и субјект од кој зависи вистинското решение на балканскиот јазол! ЗАТОА МАКЕДОНЦИТЕ НЕМА ДА ГЛАСААТ на референдумот! Затоа ги замолуваме нашите искрени пријатели во НАТО и во ЕУ да го разберат тоа, затоа што негласањето не е насочено кон нив, како што некои тоа го посакуваат, туку е насочено кон намерата и понатаму да ОСТАНЕМЕ ЖИВИ, СВОИ И ДОСТОИНСТВЕНИ!

Ние знаеме дека ако овој крајно проблематичен референдум помине нас, Македонците, идентитетската смрт нема да не одмине! Си ги познаваме ние нашите соседи и нивните намери, особено ни се јасни нашите јужни соседи, грците!

Ако помине референдумот за проблематичната понижувачка Спогодба Заев- Ципрас, по него на сила ќе стапи антиуставниот, шовинистички и големоалбански закон за употреба на албанскиот јазик на целата територија на Р. Македонија! Тој закон во себе содржи немилосрдна казнена политика! Исто така и Спогодбата со Грција во себе носи казни само за Македонија и Македонците! И што ќе се случи? Македонците во сопствената држава ќе се чувствуваат како во затвор! Ќе има ли последици од сето ова? Да, и тоа огромни! Територијата на Р. Македонија ќе се претвори во извор на нестабилност! Граѓаните на Р. Македонија ќе бидат втурнати во фанатичен националистички ирационализам, но и во дефетизам и демотивираност! Процентот на оние што ќе бегаат од таа НЕЕВРОПСКА ситуација направена во име на „ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“ ќе биде огромен!

ЗАТОА Македонците ќе го БОЈКОТИРААТ овој процес за нивно искоренување и обезличување! Затоа нема да гласаат на референдумот!
Нема да излезат за да му дадат легитимитет на процесот за нивно САМОУБИСТВО!
Затоа Македонците своите искрени пријатели, а има и такви, во НАТО и ЕУ ги молат за разбирање во името на ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ!

Всушност, оние кои денес во Р. Македонија со слоганот „ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА“ пропагираат за преименување и уништување на Македонија ни самите не се свесни дека вадат една битна цигла од ѕидот на мирот и сигурноста на Балканот! Ако таа цигла биде извадена тогаш со гаранции Балканот повторно ќе се претвори во сурово и крваво БУРЕ БАРУТ, а Европа во реализиран хаос!

Кој има очи – ќе види! Кој има ум – ќе разбере! Кој има срце ЌЕ ГО БОЈКОТИРА и ќе го сопре ПРОЦЕСОТ на македонското уништување, како во име на МАКЕДОНСКИОТ и БАЛКАНСКИОТ, така и во име на вистинскиот ЕВРОПСКИ интерес!

пишува: презвитер Ивица Тодоров

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.