Зошто некогаш сме тажни и после добар секс?

141

Дали некогаш сте се чувствувале тажно, празно или посрамотено, дури и после добар секс?

Ако одговорот е позитивен, не сте единствени. 30-годишниот основач на порталот “New Age Gents”, за „HuffPost” појаснил дека тие чувства можат да се појават во зависност од тоа во каква врска се наоѓате и какви се вашите намери со таа личност.

Нѐ учеа дека физичката размената на нежности, мажите не ја мешаат со чувствата и не стануваат емоционални во такви моменти, а тоа е погрешно, вели тој.

Кај двата пола може да се појави посткоитална тага. Станува збор за прилично честа појава, која подразбира тешки чувства, тага и непријатност, меланхолија – веднаш по сексуалниот однос. Тоа е последица на делување на пролактинот, хормон кој се лачи после оргазамот и кој треба да го изедначи нивото на допамин, кој се ослободува по сексот.

До депресија после секс – доаѓа кога ќе се ослободи многу повеќе пролактин, во однос на допамин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.