Зошто некои луѓе уживаат во болка?

280

Некои луѓе просто уживаат во болка. Некои избираат толку лута храна што им доаѓаат солзи на очи, други сакаат екстремно вежбање, а трети садозмаохистички секс.

Џејсон Мекнеб е човекот што го држи светскиот рекорд како личност која во две минути може да изеде најмногу лути пиперчиња јолоки, што се сметаат за едни од најлутите во светот.  Другите луѓе само што ќе земат еден залак од овие пиперки добиваат неописливка болка, па така нормално е да се запрашате зошто некој нормален би се обидувал да изеде колку може повеќе такви пиперки?

Некои избираат толку лута храна што им доаѓаат солзи на очи
Некои избираат толку лута храна што им доаѓаат солзи на очи

Имено, здравиот разум ќе ви каже дека лушето бараат задоволство, а избегнуваат болка. Но, тоа не е секогаш така, затоа што постојат голем број активности што предизвикуваат болка, како што се трчањето, топлите масажи, тетоважи, пирсинг и сексуалниот садомазохизам што голем број луѓе ги практикуваат.

Мекнеб тврди дека болката што ја создаваат пиперчињата произведува чувство на возбудување какво што постигнуваат другите со помош на дрога, храна или секс.

Болката прилично брзо стивнува, по што следи навала на адреналин и еуфорија, вели тој.

Поврзаноста помеѓу уживањето и болката длабоко е вкоренета во нашата биологија. За почеток, секоја болка предизвикува нервниот систем да почне да испушта ендорфин, белковина што помага за сопирање на болката и која функционира на сличен начин како морфиум во создавањето чувство на еуфорија.

Зошто некои луѓе уживаат во болка?
Зошто некои луѓе уживаат во болка?

Оваа поврзаност не би требало да ги зачуди тркачите. Имено, со интензивен напор се испушта млечна киселина, нуспроизвод од разградувањето на глукозата кога ќе дојде до проблеми со дотурот на кислород. Киселината ги иритира рецепторите за болка во мускулите, кои за својата состојба му јавуваат на мозокот преку електрични пораки испратени преку рбетниот мозок. Овој сигнал го интерпретираме како жарење во нозете, поради што тркачите обично застануваат или успоруваат.

Можно е дека токму поради таа навала на возбудување нашите претци можеле да ги издржат болките што со себе ги носеле маратонското одење на лов.

Тоа се одвива се додека контролниот центар на нервниот систем, хипокампус, не проработи. Тој дел од мозокот, налик на морско коњче, одговара на сигналите на болката така што му наредува на телото да почне да производи сопствени наркотици – ендорфини.

Тие протеини понатаму се врзуваат на опиодните рецептори во мозокот и го спречуваат испуштањето на хемикалиите вклучени во преносот на сигналот на болката. Со други зборови го спречуваат чувството на болка, но и ја стимулираат мозочната лимбична и префронтална регија – истите онир што се активираат за време на страсен секс и слушање музика.

Затоа возбудата што следи по болката е налик на чувството како да сте под дејство на морфиум или хероин, кои исто така делуваат на истите опиоидни рецептори.

Во меѓувреме, болката настаната со интензивно вежбање исто така може да предизвика неочекуван раст на уште еден телесен аналгетик – анандамиди. Попознати како „блажени хемикалии“, анандамидите се врзуваат за рецепторите на канабиноидите во мозокот и ги блокираат сигналите на болка, наместо на оние што создаваат чувство на топлина и блаженост, налик на оние по конзумирање марихуана.

Со тоа како одговор на болката се произведува адреналинот, кој придонесува за возбудувањата за време на трките, како што е зголемувањето на пулсот на тркачот.

За се е виновен бенигниот мазохизам

Но многумина се прашуваат како тоа некои видови болка може да делуваат како уживање, додека други се едноставно неподносливи.

Одговорот би можел да  се крие во теоријата што смета дека се работи за бениген мазохизам. Според оваа теорија луѓето трагаат за болка, но исто така мора да бидат свесни дека таа нема сериозно да ги загрози. Но, тоа е нешто што животните неможат да го направат.

seks-igre-1375458903-9726

Бенигниот мазохизам е нешто за што најдобро познавање имаат љубителите на садомазохизмот. Една професионална садистка од Лондон тоа го објаснува вака:

Ние разликуваме добра и лоша болка. Лошата болка значи дека нешто не е во ред и на неа мора постојано да обраќаме внимание. Но постои и добра болка што пружа уживање, вели таа.

Оваа тероија објаснува и зошто се изложуваме на искуства што предизвикуваат непријатни емоции, како што е гледањето тажни филмови или возењето на „тобоганите на смртта“.

Но врската помеѓу болката и сексот не е ограничена само на садомазохизмот, затоа што едно истражување покажало дека за време на сексуалната стимулација на жените повеќе од 30 делови на мозокот активно учествуваат во процесот. Меѓу останатото и оние што се клучни кај болката.

Исто така, испитувањето врз лицата што преживеале карцином, а кај кои се отстранети нервите во рбетниот мозок за да ги претрпат хроничните абдоминални болки, покажало дека ја изгубиле можноста за доживување на оргазам. Да се вратела болката, ќе се врател и оргазмот.

Меѓу останатото изразот на лицето додека доживуваме оргазам изгледаат како нешто да не боли, а и парацетамолот покрај тоа што ја намалува болката, го намалува и чувството на задоволство, што докажува дека болката и уживањето се секогаш некако испреплетени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.