Зошто никој не зборува за мажите кои би направиле се за саканата?

Секогаш слушаме за мажите кои лошо се однесуваат со своите девојки и жени, но ретко слушаме за оние коишто би дале се за жената којашто ја љубат.

Никогаш не слушаме за мажите кои се уште ја отвораат вратата за девојката и на кои лојалноста, честа и чесноста им се принципи кои ги вложуваат во врската.

Никогаш не слушаме за мажите кои цела ноќ ги бришат солзите на жената којашто ја сакаат и ги бркаат нејзините стравови. Никогаш не слушаме за мажите кои навистина сакаат да ја гледаат својата љубена како се смее.

Никогаш не слушаме за мажите кои се уште ги паметат малите детали кои таа им ги доверила уште пред да се заљубат. Никогаш не слушате за мажите кои подготвуваат се пред таа да отиде во болница.

Никогаш не слушаме за мажите кои играат со своите деца и поминуваат време со нив.

Никогаш не слушаме за мажите кои доаѓаат на натпреварот на својот син и покрај тоа што работеле прекувремено.

Никогаш не слушаме за мажите кои го снимале настапот на својата ќерка.

Зошто сите молчат за мажите кои се, можат и ќе бидат се што љубовта бара од нив?

Зошто сите молчат кога си добар?