Зошто пратеникот Богоевски илегално набавувал масло од канабис, кога тоа се продава во аптека?!

Во Македонија сѐ уште не е легализирана употребата на марихуаната за рекреативни цели, но маслото од канабис кое се користи за медицински цели може легално да се набави во аптеките. Се продава преку рецепт и е наменето за пациенти со малигни заболувања.

Според законските одредби од 2106 година, маслото од канабис го препишуваат невролози, инфектолози, радиолози и онколози, со цел да се намали болката кај пациенти со епилепсија, ХИВ, со мултиплекс склероза, како и кај малигно болните.

Оттука произлегува прашањето зошто пратеникот Павле Богоевски тврди дека нарачувал масло од канабис што, според него, всушност било „супстанца чиј промет е забранет“.

Иасто така, од друга страна, иако станува збор за нелегално прислушување, надлежните институциите треба да ја истражат и содржината на разговорот, бидејќи упатува на нарачување и продажба на забранети супстанци, за што според закон, предвидени се казни и одговорност за овие кривични дела.

Полицискиот билтен секојдневно е полн токму со кривични пријави за фатени лица во промет на секаква дрога, а се апсат и лица фатени со многу мала количина марихуана за сопствени потреби.

За потсетување Богоевски во фејсбук статус потврди дека неговиот глас е на снимакта, но вели дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис.

Би сакал да расчистам неколку работи:

Дали тоа е мојот глас на снимката?
Да.

Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет?

Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис и’ помогна таму каде другите лекови не можеа да и’ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам се’ додека е потребно.

Всушност во својот статус пратеникот Богоевски признава дека сторил кривично дело, поточно дека набавувал супстанца чиј промет е забранет, и дека тоа ќе продолжел да го прави.