Секс

Зошто се користат и колку се безбедни лубрикантите?

Зошто се користат и колку се безбедни лубрикантите?

Лубрикантите денес се многу препорачувани за добар и квалитетен сексуален однос. Лубрикантите ги препорачуваат и гинеколозите и генерално се оценуваат како безбедни. Сепак дали лубрикантите навистина се целосно безбедни?

Одговорот секако е не. Лубрикантите се употребуваат во случаи на слаба вагинална влажност, кога пенетрацијата е проблематична, односот болен, или кога се практикува анален секс. Сувоста на вагината може да биде резултат од хормонален дисбаланс или пиење на одредени лекови. Сувоста на вагината е органски причинител број еден за неможност за постигнување на оргазам кај жената.

Лубрикантите на пазарот ги има секакви варијации. Разни видови на лубриканти на база на вода или масла, со етерични ароми, бои, мириси и што ли уште не. Лубрикант не се зема на памет, туку се избира. Секако дека не земате крема за лице која прва ќе ви излезе при рака туку ја бирате спрема вашата кожа, па затоа можеме да ви кажеме дека при одбирањето на лубрикант треба двојно повеќе да внимавате одколку кога избирате на пример крема за лице. Зошто? Слузокожата на гениталиите е многу прокрварена, па било какви хемикалии или небезбедни елементи многу полесно ќе влезат во крвотокот, а потоа и во системската циркулација, но и полесно ќе ја иритираат самата слузокожа.

Лубрикантите најчесто се составени од течни парафини, глицерин, гликол и слични супстанци. Некои од супстанциите кои се содржат во лубрикантите се докажани причинители на рак на дојката како што е на пример парабенот. Затоа, никогаш не треба да купувате лубрикант кој содржи вакви супстанци. Глицеринот е докажан предизвикувач на кандида, го суши телото и може да предизвика подоцнежни воспаленија, а ништо по безбедни не се ни другите супстанци кои ги наброивме погоре. Исто така треба внимателно да се употребуваат бидејќи во комбинација со презерватив може да го оштетат и да не ве заштитат од сексуално преносливи болести.

Треба да користите исклучиво лубриканти кои имаат природно потекло. На нив има нагласено дека се изработени од некое растение и ги немаат наведено штетните супстанци кои ги спомнавме погоре. Овие лубриканти не само што се безбедни туку се и корисни.

Ако користите безбедни лубриканти на природна база тие ќе бидат благодет за слузокожата, ќе ја заштитуваат и ќе помагаат во нејзината регенерација. Не е тешко да се пронајде правилен лубрикант, туку само треба да се обрне внимание. Цените се речиси исти, а се достапни во повеќето секс шопови и аптеки, како и на други места каде се продаваат слични производи.

Треба да знаете дека лубрикантот доаѓа во контакт со еден од најсензитивните делови од телото кое често е подложно на разни инфекции, напади од микроорганизми и иритации. Истовремено е многу прокрварено и мала е бариерата помеѓу гениталната слузокожа и крвта односно системскиот крвоток.

Лубрикантите се добри за употреба и одлуката да користите лубрикант при односите со вашиот партнер е правилна, но вимавајте секогаш читајте го составот на лубрикантот и не избрзувајте.