Зошто Специјалното јавно обвинителство бара предмети на секои 15 дена?

Зошто специјалното јавно обвинителство наместо да ги земе сите предмети одеднаш, бара предмети поединечно на секои 15 дена? Ова е дилемата која се поставува во јавноста откако вчера беше соопштено дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите изготвило план за динамика на барање на предметите, пишува порталот „Курир“.

Во вчерашното соопштение од Специјалното јавно обвинителство, во планот е утврдена временската рамка во која ќе бидат упатувани барања за доставување на предметите во ова Обвинителство, која не надминува 15 дена помеѓу две упатени барања.

Планот воедно опфаќа и листа на предмети кои ќе бидат побарани. При одлучување околу фактот кои предмети првично ќе бидат побарани од обвинителствата земена е предвид итноста на предметите, фазата во која предметите се наоѓаат предметите, како и обемноста на истите, соопштија од СЈО.

По ова останува нејасно зошто СЈО ќе ги бара предметите на секои 15 дена и зошто не ги земе сите предмети оддеднаш. Според познавачите, со стратегијата да се бараат предметите на „рати“ од Основното јавно обвинителство (ОЈО), повеќе сака да се направи забава за јавноста и таквиот чекор повеќе има маркетиншка функција, отколку суштинска фунција.

Специјалното јавно обвинителство побара од јавните обвинителства да му достават пет предмети, односно оние кои се однесуваат на „Пуч“, израелската донација, злоупотреба на службена положба, незаконско прислушување и тонско снимање и изборни измами.

Експертите за „Курир“…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.