Зошто убиството на Џамал Хашоги не предизвика реакции како случајот „Скрипал“

Новинарот Џамал Хашоги, кој беше ѕверски убиен во Истанбул, не стана „нов Скрипал“. И не само зошто едниот почина, а другиот е жив. Ниту САД, ниту Велика Британија, ниту пак Европската унија побрзаа да воведат санкции против кралскиот двор во Ријад, или да ги протераат саудиските дипломати од своите престолнини, пишува рускиот весник „Взглад“, пренесува НетПрес.

Што предизвика таква забележителна разлика со неодамнешната антируска кампања? И зошто Ердоган треба да биде огорчен на целиот свет?

Убиството на саудискиот новинар Џамал Хашоги во Истанбул предизвиква реакција во светот, која не може да се нарече никако поинаку освен ограничена. Прашањето е зошто Саудиска Арабија, чии власти се директно обвинети за ликвидацијата на Хашоги, не е подложена на остри критики на светско ниво?

Турскиот претседател, Раџеп Таип Ердоган, имаше остри изјави: директно кажа дека припадници на безбедносните и разузнувачки служби на саудискиот крал Салман биле директно ангажирани во убиството на Хашоги. Но, останатиот дел од светот не брза да го сподели ставот на Ердоган. Да, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од објаснувањата на Ријад за смртта на Хашоги. Имаше дури и информации дека директорот на ЦИА, Џина Хаспел учествувала лично во истрагата за убиството на новинарот Хашоги. Но, ништо слично како координираното експулсирање на дипломати, како она кое беше иницирано од Велика Британија во однос на случајот „Скрипал“ и кое беше веднаш прифатено од Европската унија и од САД, не гледаме сега, иако дипломати се вмешани во смртта на Хашоги во саудискиот конзулат во Истанбул. Немаше ниту некакви иницијативи за налагање на санкции. Може да се говори само за минимална негативна реакција. Дури се забележува и користење на слуачјот за врпење антируска камапања. Така на пример бившиот шеф на британското министерство за надворешни работи, Борис Џонсон, објави статија во весникот „The Daily Telegraph“, во кој тој не толку ги обвинува Саудијците, колку што практикува антируска кампања. Џонсон го користи случајот „Хашоги“, за да прави паралела со случајот „Скрипал“.

Неопходно е Саудиска Арабија и Турција да и приложат на јавноста што можно поконкретни информации за тоа смтта на новинарот. Љубопитноста е г0лема да се чујат повици за дијалог и ппретставување на докази од устата на Џонсон. На крајот на краиштата, тој беше човекот што како министер за надворешни работи беше еден од иницијаторите на цврстата антируска линија на Обединетотот Кралство по случувањата во Солсбери. Таа линија предвидуваше откажување за претставување на било какви докази за официјална соработка, соопштува руската амбасада во Лондон.

Според Дмитриј Абзалов, претседател на Центарот за стратешки комуникации, темата за убиството на саудискиот новинар е ,многу сложена за западните земји.

На пример во САД, дури и најистакнатите лобисти како Линдзи Греем даваат двосмислени изјави. Во Велика Британија лабуристите ќе извлечат корист од ситуацијата, за да ги притиснат своите конзервативни противници по одредени прашања. Во истовреме чекаме воведување на санкции за Ријад, а за еден ваков чекор има и финансиски и економски причини. Саудијците се најголемиот корисник на американско оружје. Од друга страна, пак, САД неможат да почнат антииранска кампања без поддршка од Саудиска Арабија, а Израел нема да се откаже од саудискиот регионален товар, смета политичкиот аналитичар.

Абзалов, исто така, го објаснува интересот на Ердоган во однос на ова прашање. Како што претходно објави рускиот весник „Взглад“, турскиот претседател предложил оние кои учествувале во убиството на Хашоги во Истанбул да бидат судени во Турција.

Изјавата на турскиот лидер покажува дека тимот кој дошол од Саудиска Арабија имал задача да го отстрани новинарот. Или во краен случај да направи силен притисок. Вториот важен аспект е дека најдените останки се откриени во бунарот, кој сам по себе е уникатен и покажува криење на трагите. Сега Ријад ќе се обиде со сите напори да ја омекне ситуацијата – тие 15-18 извршители ќе бидат уапсени и најверојатно ќе бидат обвинети со надминување на дозволените граници. Турција, која заедно со Иран е главниот противник на Саудиска Арабија во регионот, ќе се обиде активно да ја крене темата, бидејќи тоа е многу корисно за неа. Долго време Ердоган беше сметан за последниот диктатор во Европа, нешто како Лукашенко. Од таа гледна точка прашањето за човековите права сега е во момент за крајна корист за Турција. Хашоги дошол во конзулатот во Истанбул за документи бидејќи сакал да се ожени за турска државјанка, и тоа покажува дека сега Ердоган ќе се обиде да ја завземе позицијата на жртва, нешто што впрочем и веќе се случува, смета Абзалов.

Николај Добронравин, професор по светска политика на Државниот универзитет во Санкт Петербург, вели дека независно од тоа што се случило во Истанбул, деловите поврзани со Саудиска Арабија ќе се омекнат максимално.

Саудиска Арабија, за разлика од Русија, вусшност е најблискиот сојузник на САД, плус таа е финанисиски многу важна држава за целиот Запад. Но, и покрај ова не треба да се преувеличува и да се каже дека немало и нема да има никаква реакција од страна на функционери од Европа и од САД.

Добронравин верува дека реакцијата на Западот за смртта на Хашоги допрва ќе се случува и многу зависи од тоа како ќе се развие ситуацијата во САД, а таму нема многу простор за тоа како да се реагира против Саудиска Арабија, за смртта на новинар, кој не работел некој маргинален или непознат медиум, туку за еден од најавторитетните.

САД нема централизирана надворешна политика. Има администрација на претседателот, има Конгрес, а да не зборувам за други центри на влијание. Ако зборуваме за првите две институции, очигледно е дека за администрацијата на претседателот конфликтот со Саудиска Арабија е исклучително нерентабилен и ќе биде омекнат на секој можен начин. За Демократската партија, напротив, таа ситуација е исклучително корисна и демократите ќе се обидат да ја влошат и тоа со сите можни сили. Во една таква ситуација, по мое мислење, треба да очекуваме консолидирано решение најмалку до изборите за Конгресот, кои ќе се случат на 6 ноември, годинава. Другите западни држави, пак, можно е да дејствуваат на ралзичен начин, но сепак прво ќе ја чекаат реакцијата на САД, смета рускиот професор.

Добронравин е убеден дека во сите случаи отфрањето на сојуз со Саудиска Арабија е исклучително малку веројатен чекор за САД. Според него, на крајот на краиштата САД е многу силно поврзана со оваа арапска држава, како економски, воено, така и политички.