Зошто Заев бега од соочување со Мицковски?

Пред речиси две недели претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски го повика премиерот Зоран Заев на телевизиско соочување. Но, првиот човек на Илинденска 2 засега не ги прифаќа предизвикот барајќи изјаснување од опозицискиот лидер за ЕУ и НАТО.

Политичкиот аналитичар Александар Пандов вели дека причините зошто премиерот Заев не прифаќа телевизиски дуел со лидерот на опозицијата и наоѓа изговори се повеќе. Пандов смета дека коренот на причините е ТВ дуелот меѓу Заев и Мицковски пред околу половина година од кој, според него, како победник излегол токму лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

„Оттогаш од месец во месец оваа Влада на СДСМ само повеќе ја покажува својата неспособност и некадарност на било кое поле, за било која тема која што би се отворила Заев нема аргументи нема позиција која што може да ја брани. Македонија само оди надоле и надоле и претпоставувам дека токму тоа е причината поради која ПР го советувааљт Заев да не прифаќа дуел“, вели Пандов.

Мицковски ја „фрли ракавицата“ од протестот одржан во Скопје повикувајќи го политичкиот ривал на телевизиска пресметка. Откако за кратко не доби одговор од Фејсбук Мицковски му порача на премиерот да не бара изговори туку да прифати дебата.

„Тешко му е да оди на дебата, ама не му е тешко да излаже. Устите им се полни со Европа, но само формално, не и на дело. Една од основните придобивки на европската политика е отвореноста и дебатата, тоа го заслужуваат и нашите граѓани. Наместо афрички монарх, прифатете европски вредности. Ајде без изговори, без банални оправдувања Заев прифатете дебата? Велите да сум ја кажел алтернативата, ќе ви ја кажам, тоа е вие да си заминете од власт, веднаш и што побрзо, затоа што со Вас Македонија тоне во црнила и драматично губи, имаме држава пред економски банкрот, за се останато ќе чуете на дебатата која се надевам дека ќе ја прифатите!“, напиша Мицковски.

Премиерот Заев без конкретен одговор за повикот од Мицковски, побара изјаснување

„Подготвенсумвосекоевреме и насекоеместодадебатирамсоМицкоски, ночесно е тојдагокажесвојотстав-дали е зачленствово ЕУ и НАТО соподдршкаодДоговоротодПреспа и аконе е дајакажеалтернативата“, одговори Заев на прашањето дали ќе прифати ТВ дуел со Мицковски.

Првата телевизиска дебата во која аргументите ги соочија двајцата лидери се одржа на Македонската радио телевизија на 23-ти мај.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.