Зошто жените сакаат мажи со брада?

Порано мажот со брада беше симбол за мудрост, а научниците тврдат дека истиот факт важи и до ден денешен…

Често може да се слушне дека жените се жалат на брадата од својот избраник затоа што таа ги гребе, но сепак со истражувањата е докажано дека дамите не сакаат свежо избричено лице.

Жените сметаат дека мажите што носат брада се подобри кандидати за сериозна врска. Истражувачите испитале 8.520 жена да ги рангираат фотографиите на мажите според физичката привлечност и по тоа што мислат дали се за сериозна врска или кратка и необврзувачка авантура.

На фотографиите имало избричени мажи, такви со два-три дена брада и мажи со долга брада. Најлошо поминале избричените, како помалку привлечни, а оние со пократка брада се оценети како погодни за пократки врски.

Оние со долга брада биле оценети како постари, помажествени и општествено доминантни.