Жозеф Дол: Силјановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, независно судство и борба против корупција

Претседателот на најсилната политичка партија во Европскиот парламент, Европската народна партија (EPP), Жозеф Дол, даде во четвртокот јавна поддршка за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Посакувам Силјановска да има силен резултат во првиот круг од претседателските избори. Силјановска е вистинскиот кандидат за зајакнување на економијата, независно судство и борба против корупцијата, предуслов за продолжување по евроатланската патека. Изборите треба да бидат слободни и фер, порача тој.