ЖРК Вардар по четврти пат меѓу четирите најдобри во Европа

(Фото: www.zrkvardar.mk)

Ракометарките на скопски Вардар по четврти пат ќе играат на фајнал-фор турнирот во Будимпешта, откако во саботата по вторпат, но со многу неизвесност пред своите навивачи, по вторпат го совлада данскиот претставник Митјиланд со 26:24 (11:12)

Многу потешко од очекуваното, откако по победата на гости со два гола предност се видоа како учеснички на турнирот во Будимпешта, беше извојувана победата во Скопје. ЖРК Вардар во еден момент му дозволи на Митјиланд да се надева на можно изненадување.

Вардарките одиграа многу лошо прво полувреме, што му овозможи на противникот да биде во предност. Кога на почетокот од вториот дел, кога Митјиланд поведе со три гола предност (15:12), се чинеше дека домашните ракометарки ќе подлегнат на атмосферата.

Сепак, тоа како да претставуваше сигнал за вардарки, па драстично ја коригираа играта во сите сегменти. Вардар ја анулираше негативата, а во еден момент со серија од 5:1 дојдоа до солидна предност 25:21.

Меѓутоа, на околу пет минути до крајот на мечот повторно се случи пад во играта на вардарките и Митјиланд се доближи на само еден гол 25:24. За среќа Лекиќ го  однесе Вардар на два гола предност, а Суслина која бранеше во вториот дел го одбрани ударот на најдобриот стрелец ка Данките – Јоргенсен и ја запре на шест погодоци, со што беше поставен конечниот резултат 26:24.

Исто по шест голови кај ЖРК Вардар постигнаа Андреа Човиќ и Андреа Пенезиќ.

Турнирот на четирите најдобри екипи ќе се одржи на 6 и 7 мај во унгарската престолнина Будимпешта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.