ЖРК Вардар сигурен против Ларвик

На две кола до крајот од групната фаза во женската Лига на шампионите ракометарките на Вардар и теоретски обезбедија место меѓу 12-те најдобри во Европа, откао во саботата вечерта во рамките од 4-то коло од Групата Ц како домаќини го совладаа Ларвик со 30:27 (10:11)

За „вардарки“ ова е 45-та победа во Лигата на шампионите, четврта сезонава и четврта во меѓусебните шест натпревари со Ларвик. ЖРК Вардар останува лидер во групата со максимални осум бодови, но за тоа неговите ракометарко мораа добро да се намачат, бидејќи Ларвик играше опуштено и лесно,

До крајот на групната фаз остануваат уште натпреварите со ФТЦ Будимпешта на гости и со Турингер на домашен терен. Потоа Вардар ќе вкрсти со трите екипи од Д Групата каде ќе одигра уште шест нови натпревари, а ќе ги пренесе освоените бодови од сегашната група со оние ривали што ќе продолжат во главната фаза.

Вардар како фаворити го почна натпреварот но имаше проблеми во текот на првите 30 минути. Не успеа да се одлепи резултатски, па и кога водеше со два гола предност тоа беше најмногу што постигнае. Амандин Лејно беше одлична во овој дел од натпреварот со 11 одбрани. Нападот не делуваше како што умее, многу топки завршија во рацете на противничкиот голман, во дел од акциите направи технички грешки, и токму поради тоа Норвежанките знаеја да ја казнат секоја грешка на „вардакри“.

Домашната екипа имаше период од седум минути без постигнат гол, и од водството 8:6 гостинките постигнаа серија од 4:0 за водство 8:10 во 27 минута. Ларвик секогаш кога имаше шанса за брза игра, полуконтра и контра знаеше да реализира, и тоа најмногу на нереализираните акции на домашните ракометарки. Македонскиот шампион одговори со своја мини-серија и водство од 8:6, за потоа неполни седум минути избраничките на Дибирова да бидат без постигнат гол, по што Ларвик дојде до предност од 8:10. Ристовска ја прекина серијата од 0-4 на гостинките, до крајот на полувремето прецизна беше и Цвијиќ, па на одмор се замина со само еден гол предност на Ларвик (10-11).

Кризата во нападот продолжи и на стартот од вториот дел, но за среќа барем голманките беа на ниво, па со одличните интервенции не дозволија Норвежанките посериозно да се одлепат. „Црвено-црните“ по 35 минута конечно заличија на тимот што доминираше во претходните три кола, со леснотија го наоѓаа патот до мрежата на Ларвик, па по водството од 17:14 го натераа гостинскиот стратег да побара тајмаут. Сепак, тоа не вроди со плод, Вардар конечно го најде посакуваниот ритам во нападот, погаѓаа и Лакабрер, Кузнецова, Пенезиќ, Радичевиќ… па „црвено-црните“ рутински го контролираа резултатот сѐ до половината од второто полувреме.

Скандинавките не се предадоа, туку дојдоа на само еден гол разлика (24:23) на десет минути до крајот. Се играше „гол за гол“, потоа Радичевиќ промаши седмерец, но Лејно при резултатот 26:25 одбрани уште еден зицер, не дозволувајќи изрманување. Хмирова постигна гол во клучен момент, за потоа на неполни четири минути до крајот Брајстл да добие црвен картон, по бруталниот старт врз Пенезиќ. Хрватска ракометарка веќе во следниот напад прецизно стрелаше за 28:25, разрешувајќи ги дилемите околу победникот на оваа средба, изразен со конечни 30:27. Точка стави Лејно со две фантастични интервенции во последната акција на гостинките, за четвртата победа во низа и пласман во главната фаза од ЛШ.

Француската голманка го заврши натпреварот со фантастични 20 интервенции, а во нападот најефикасни кај Вардар беа Пенезиќ со седум, Цвијиќ со пет и Кузнецова со четири погодоци.