ЖРК Вардар убедлив на гости кај Ларвик

Европскиот вицепрвак ЖРК Вардар покажува дека и во новата сезона ќе биде сериозен ривал за освојување на титулата, во мечот од 3-то коло на групната фаза од Лигата на шампионите нашите девојки триумфираа кај Ларвик со 31:19, што е трет триумф а втор на гостински терен во новата сезона.

На самиот почеток домашните ракометарки водеа со 5:2, а на тоа Вардар одговори со серија од 5:0 за водство од 7:5. Во следниот период Ларвик повторно се врати во игра, а Вардар бележеше многу нереализирани напади.

Сѐ до 22 минута ЖРК Вардар се водеше изедначена борба, но откако последен пат резултато беше изрнамент (9:9) следеше серија на „вардарки“ од 7:0 со која на полувреме ја направија предност од 16:9. Во тој период Сара Ристовска имаше четири голови одлично заменувајќи ја Јованка Радичевиќ. Покрај добрите контри, одбраната изгледаше доста добро, а Ина Суслина придонесе со двицефрен број на одбрани во триумфот на „црвено-црните”.

Високата предност од првото полувреме потоа на Вардар му донесе можност да игра посмирено, и да се обиде да стигне и до двоцифрена предност. Тоа дојде во 51 минута кога првпат имаше водство од десет голови (26:16). Потоа имаше и „плус 13″. .

Во следното коло Вардар е домаќин на Ларвик.