Зверев го растури олимпискиот сон на Ѓоковиќ

Германскиот тенисер Александр Зверев му го урна сонот на најдобриот играч во моментов Новак Ѓоковиќ за олимписко злато и „златен слем“ откако ѕверски и херојски го одигра полуфиналето во Токио и со пресврт славеше со 2-1 во сетови (1-6, 6-3 6-1).

Српската ѕвезда која беше најголем фаворит по бројните откажувања (Надал, Федерер, Тим, Беретини), па po раните елиминации на другите конкуренти (Медведев, Циципас…) имаше отворен пат кој финалето и ништо не навестуваше на сезнзација откако убедливо и експресно го доби првиот сет со 6-1.

Кога Ѓоковиќ направи брејк во петиот гем од вториот сет за да поведе со 3-2, сѐ навестуваше дека брзо ќе заврши мечот и потоа се случи пресврт. На свој сервис, Србинот не освои ниtu поен за Зверев да се врати, потоа Германецот со три во низа го освои вториот сет да израмни, а со брејк и три гема во низа го почна третиот за практично да ја најави сензацијата.

Ѓоковиќ имаше шанса да се врати во третиот сет кога имаше четири брејк топки за рибрејк, но ја пропушти таа шанса, сервисот не му профункционира и на крај му се сруши сонот за финале и шанса за златен медал.

Зверев во финалето ќе се соочи со Русинот Карен Хачанов, кој претходно во два сета со 6-3, 6-3 го победи Пабло Карено Буста од Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.