Зверев преку Ѓоковиќ до првиот Мастерс трофеј во кариерата

Германецот  Александер Зверев првпат во својата кариера стаса до трофеј на еден Мастерс турнир, откако во неделата вечерта во Лондон на завршниот Мастерс турнир за оваа сезона го победи првиот светски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ со 2:0, по сетови 6:4 и 6:3.

Финалето во „О2“ арената во Лондон траеше еден час и 21 минути. Наградниот фонд на Мастерсот во Лондон изнесуваше 8,5 милиони долари.

Со 21 година и шест месеци, Зверев е најмладиот шампион на престижниот турнир во Лондон. Воедно тој е третиот Германец кој го освоил трофејот по Борис Бекер и Михаел Штих.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.