Зврлевски: Не постапуваме по докази кои се незаконити

Зврлевски: Не постапуваме по докази кои се незаконити
Зврлевски: Не постапуваме по докази кои се незаконити

Во однос на прашањето во вечерашната Топ Тема, дали податоците кои произлегуваат од објавените бомби се нелегално собрани, јавниот обвинител Марко Зврлевски одговори потврдно, додавајќи дека, тоа значи дека тие се незаконити.

Сите правила велат дека не можеме да постапуваме по докази кои се незаконити, подвлече Зврлевски.

Сепак тој додаде дека овие информации се третираат како индиции и се постапува според нив.

За прашањето како е можно по одлуката на судот, бомбите да не се прифатат како докази, од сите предмети, обвинителството да не поднесе жалба само за пријавите за премиерот Груевски и неговите блиски соработници, Зврлевски  порача дека во постапката по 25 предмети, постапуваат повеќе обвинители и секој од нив самостојно одлучува дали да се поднесе жалба.

-Доколку биде донесена одлука дека се незаконити, ќе важи за сите предмети, изјави државниот обвинител во Топ Тема.

Тој подвлече дека како јавна личност не може да се согласи со ставот присутен во дел од јавноста дека Македонија е мафијашка држава.