ДКСК означи 86 поранешни функционери кои го прекршиле Законот за спречување на корупција

Државната комисија за спречување на корупција во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените постапки и глобите кои се изречени за сторените прекршоци. Досега, од донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Репубилика Македонија бр.12/2019“) ДКСК ги нема јавно објавувано овие информации, а Комисијата најавува дека ова во иднина ќе биде редовна пракса, соопштија од ДСКС.

Во прилог на соопштението за јавност, Комисијата достави информации за имињата на поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети со парична глоба за прекршување на одредбите од неведениот закон.

Информациите од ДКСК се за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети за прекршување на одредбите од наведениот закон.

Меѓу нив се поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, пратеникот Борислав Крмов од Левица, екс-вицепремиерот Артан Груби кој е во бегство, поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити и други.

Фатмир Меџити, министер за здравство, во својство на одговорно лице во надлежна институција, не ги преземал сите мерки и активности за доставување на бараните информации до ДКСК, во рок од 15 дена од денот на добивањето на барањето согласно член 23 став 3 од ЗСКСИ 200 евра.

Артан Груби, Прв заменик-министер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, во својство на одговорно лице во надлежна институција, не ги преземал сите мерки и активности за доставување на бараните информации до ДКСК, во рок од 15 дена од денот на добивањето на барањето согласно член 23 став 3 од ЗСКСИ од 200 евра.

Талат Џафери, претседател на Владата на РСМ истовремено и пратеник во Собранието на РСМ член 44 став 2 од ЗСКСИ казнив со 300 евра.

Арбер Адеми, по престанок на функцијата пратеник во Собранието на РСМ не поднел изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК член 82 став 3 од ЗСКСИ, а казнив по член 109 од ЗСКСИ 300 евра

Јована Мојсовска, по избор на функцијата пратеник во Собранието на РСМ не поднела изјава за имотна состојба и интереси член 82 став 1 од ЗСКСИ, казнив по член 109 од ЗСКСИ 300 евра.

Борислав Крмов, по престанок на функцијата пратеник во Собранието на РСМ не поднел изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК член 82 став 3 од ЗСКСИ, а казнив по член 109 од ЗСКСИ 300 евра“, посочуваат од ДКСК.

ДКСК во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените постапки и глобите кои се изречени за сторените прекршоци.

„Преку објавување на овие информации ДКСК има за цел да ја информира јавноста во насока на охрабрување на граѓаните, како и институциите да се придржуваат до правните норми. Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија“, велат од ДКСК.

ДКСК смета дека оваа мерка е исклучително значајна за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на секоја институција во борбата против корупција.