Карпош, Гази Баба во понеделник без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека во понеделник без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Студеничани, Центар и Карпош.

Ова се улиците и временските периоди каде во понеделник ќе нема струја:

 Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул.Ордан Чопела, 147 и Јајце , (општина Гази Баба)
 Од 09:00 до 10:00 часот, корисниците на дел од с.Батинци, село Горно Количани, село Долно Количани, село Црвена Вода (општина Студеничани )
 Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од Булеварот Партизански Одреди (општина Центар и Карпош).