11 сообраќајки и 10 повредени вчера во Скопје

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Триесет и седум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест поминале на црвено светло на семафор и шест возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Санкционирани се и 14 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 56 возила.

Во рамки на активностите за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот, Одделението за превенција при СВР Скопје, РСБСП и ЈСП „Скопје“ денеска организира сообраќајно едукативен проект „Едукативен автобус“ на кое ќе присуствуваат ученици од ОУ „Братство“ од Карпош.

Со почеток во 10 часот поранешните вработени во ОХИС ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Република Македонија.

Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе пристигнат претседателите на Република Хрватска и на Република Словенија, Колинда Грабор Китанович и Борут Пахор.

За времена движењето на возилата под придружба од страна на сообраќајната полиција ќе биде воспоставен посебен режим за сообраќај што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници. Од сообраќајната полиција апелираат сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од страна на полициските службеници, а веднаш по поминување на колоната возила под придружба ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот.