Партнерот на СДСМ БЕСА со исти ставови за федерализација

Движењето БЕСА кое заедно настапуваше со СДСМ и учествуваше во нивниот митинг пред владата, во јуни месец испорача барања кои се слични на позициите кои беа застапувани од експонентите на СДСМ кои пак спремаа терен за декемвриската конференција посветена на ревидирање на Рамковниот договор.

-Ќе бараме албанскиот јазик да биде официјален јазик во целата територија на Р. Македонија, бараме нов договор за РЕДЕФИНИРАЊЕ на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и Македонците, беа дел од барањата на БЕСА, пишува Курир.

Ова практично значи барање за федерализација, што е содржано и во барањата на декемвриската конференција за која на големо спремаше терен СДСМ преку нејзините експоненти.

На Декемврсиката конференција ќе се разговара за препораката за укинување на критериумот од 20% за албанците и се бара на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Албанскиот јазик, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член“.

Она што е познато дека Беса рамо до рамо со раководството на СДСМ го организираше митингот пред владата на кој се вееа знамиња на голема албанија и на 113та косовска бригада чии членови учествуваа во кумановската акција во диво насеље.

Увертира во декемвриската конференција направи Заев кој исто како и Беса на косовска телевизија повика на ревидирање на рамковниот договор како и официјализирање на албанскиот јазик преку изучување во училиштатата. По ова Фрчковски побара Албанец премиер, а Героски кој важи за близок до СДСМ и нејзин поддржувач отворено преку колумна побара федерализација и разговори за кантонални влади, парламенти и поделени институции.

Во месец мај јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телефизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.

Заев во интервјуто говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, рече Заев.

Универзитетскиот преофесор вели дека  СДСМ за да се дојде на власт и урне сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да се бираат средства и сојузници, но во исто време дека ќе се жртвуваат и македонските национални интереси.

-Оттука, може да кажеме дека за оваа политичка група и нејзините апологети важи идејата: „Ние мора да дојдеме на власт, дури и по цена на губење на дел од државата“. Секако за оваа ќе се најдат и оправдувања и виновници, но ниту Геровски ниту професорот Фрчковски ќе бидат тие. Тие се само тригерот кој треба да го откочи процесот за политички бенефит од федерализацијата како тема. Акцелератор на оваа делување беше интервјуто на лидерот на СДСМ за косовската телевизија, истакна Андонов.

Љубомир Фрчкоски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, пред неодамна во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.

– Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи  Албанец  би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

Стратегот на СДСМ и едно од нивните главни новинарски пера Героски на тоа  гледа како апсолвирано прашање, за кое треба да се разговара за деталите, а не дали воопшто е потребно создавање на федерализација.

-Oдржливоста на идната федерација е важно прашање за кое мораме да разговараме, спомнувајчи во колумната кантонални влади, посебни сенати, полиции, судии, факултети, создавање на локално македонско албански парламенти и слично, пишува Героски.

Тој во колумната, целосно ставајќи се на страната на радикалните албански елементи, тврди дека потребно е отворање на Охридскиот рамковен договор и негово проширување со нови права за албанците.

-Имено, тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за сите. Знам дека ова звучи без малку како ерес, но тоа е поради погрешното мислење дека Охридскиот договор одлучно и темелно го затвора тоа крупно прашање, кое беше актуелно во првата деценија од македонската самостојност и поради кое во почетокот на втората деценија се водеше неколкумесечна валкана војна, пишува Героски.

Героски предлага да се разговара и за збогатување на обемот на јазичните права на Албанците и дека е неопходна и билингвална федерализација. Тој во колумната пишува и дека треба да се разговара и за одржливоста на концепот на федерација.

– Да формираме кантони или покраини, да избираме локални парламенти, сенати и влади, да наметнеме различни прописи и правила на игра во федералните единици, да имаме посебни полиции, судови, факултети, болници, државни телевизии и што ли уште не, да најдеме мунасип како да ги делиме рудните богатства, струјата, водите и другите ресурси, а да речеме – ние само за парламенти и за влади ќе се секираме, сето друго Скопје ќе го плати!, пишува Героски.