Кери: Проширувањето на НАТО не е насочено против Русија

Проширувањето на НАТО не е насочено против Русија, изјави денеска во Брисел американскиот државен секретар, Џон Кери.

Тој, исто така, ги повика сојузниците на  да ја зајакнат борбата против екстремистичката група Исламска држава.

Според него, дореден број сојузници веќе ја зајакнале борбата против ИД или планираат тоа да го направат.

Кери по состанокот на министрите за надворешни работи од земјите-членки на Алијансата, нагласи дека ирачката Влада е информирана за плановите на САД за распоредување американски специјални единици во оваа земја.