Грчко-македонската граница од синоќа ја преминале околу 1.100 бегалци, соопшти грчката полиција.
Сепак, грчките власти кај Поликастро сопреле 25 автобуси со бегалци и мигранти затоа што прифатниот камп што е во близина на тампон зоната е преполн со лица што чекаат да ја преминат раницата.
Грчко-македонската граница кај Идомени е отворена од синоќа за бегалци од Ирак, Авганистан и Сирија.