Училиштето во струшко Мислешево доби нов кров

Основното училиште „Јонче Кржески“ во струшкото село Мислешево доби нов кров. Заменик министерот за ое.бразование денеска беше во посета на подрачното училишт

Во следниот период, Ристовски најави реализација и на други активности во ова училиште, меѓу кои и промена на прозорците и вратите и реконструкција на фасадата во централното ОУ „Јосип Броз Тито“.

–  Во ова училиште ништо не е инвестирано во изминатите без малку 40 години. Од 1979 година кога е изградено учлиштето ова е прва покрупна инвестиција. Министерството за образование и наука инвестираше скоро 2,5 милиони денари во реконсктрукција на кровот. Поставен е нов кров, односно целосно е заменет стариот азбестен, изјави Ритовски.

Реализацијата на проектот, според него, е на барање на управата на училиштето. Струга и Струшко најави дека остануваат во фокусот на Владата и на МОН и во 2016 година.

– Во 2016 Струга и Струшко остануваат во фокусот на МОН и Владата. Во завршна фаза е изборот на најдобар понудувач за изградба на спортската сала во селото Драслаица. Ќе се гради и голема спортска сала во централното основно учелиште „Јосип Броз Тито“ во Струга, дел од проектот на Мимнистерството за образоване и наука за изградба на 145 спортски сали, најави Ристовски во рамките на посетата на Струга и Струшко.

Директорот на централното училиште „Јосип Броз Тито“  Тони Савески информира дека промената на кровот во подрачното училиште значи многу за 122-те уечници од прво до деветто одделение и за вработените.