Планинари од Неготино се искачија на Мусала, највисокиот врв на Балканот

Планинари од Неготино се искачија на Мусала, највисокиот врв на Балканот
Планинари од Неготино се искачија на Мусала, највисокиот врв на Балканот
Планинарите од Спортско планинарскиот алпинистички ориентационен клуб „Антигона-нег” од Неготино, се искачија на највисокиот врв на Балканот, врвот Мусала во соседна Бугарија, висок 2925 метри надморска височина.

Како што денеска информираа од Спортско планинарскиот алпинистички ориентационен клуб „Антигона-нег”, искачувањето се одвивало во тешки зимски услови со температура до минус 12 степени и снег кој на некои места достигнувал височина и до еден метар.

– Дваесет и три планинари од нашиот клуб реализираа низа планинарски активности во соседна Бугарија. Планинарските акции   беа поделени на три нивоа. Првите две опфаќаа планинарење проткаено со многу живописни  места, убави зимски пејзажи, прекрасна планинска шума. Планинарите пешачеа по 6 часа по маркирани патеки. На места  снегот достигнуваше висина и од 30 сантиметри, посочуваат од клубот.

Третата и најтешка  акција била токму таа во која после 9 часовно пешачење бил освоен врвот Мусала.

На врвот Мусала се искачија Ивица Јуришиќ, Ѓорѓи Трајков, Љупче Николов и Петре Пецов-Скаче.