Зошто луѓето стануваат масовни убијци?

Зошто луѓето стануваат масовни убијци?
Зошто луѓето стануваат масовни убијци?

Вооружените масакри и тероризмот се две теми за кои најмногу се зборува. Една работа е нејасна и се чини дека поради тоа не се завршува работата добро, односно не знаеме како да „влеземе“ во главата на убиецот.

Масовните убијци обично пишуваат долги говори за тоа што ги мотивирало. На пример, 22-годишниот Елиот Роџер напишал 141 страница долг манифест во кој порачал дека ќе ги уништи сите убави девојќи кои толку многу ги посакувал, но не ги имал бидејќи тие го презирале. Тој минатата година убил шест а ранил 14 лица во Калифорнија. Мразел мажи кои биле успешни со жените, мразел и парови и верувал дека сексот е одвратен.

Романтичната и сексуална фрустрација е вообичаена тема и на 26-годишникот кој во Орегон минатата година уби девет лица, а уште шест рани. Тој во својот манифест напишал дека ќе умре без пријатели и девојки, и како девица.

И двајцата по нападите извршиле самоубиство.
Професорот на казнено право, Ендру Голдсмит, говорејќи за бесот и губењето контрола кај овие лица, вели дека во раната младост се појавува проблем на машкост и чувство на изолираност, а еден од најголемите фактори е понижувањето.

Но, не постои само еден тип на масовен убиец. Пофесорот прави ралика помеѓу оние кои убиваат членови на своето семејство, на пример поради некоја лична навреда и други кои убиваат од идеологија.

Андерс Бреивик кој во 2011 година уби 77 Норвежани имал јасни идеолошки цели. Пред нападот објавил манифест од 1.500 страници и YouTube видео во кое повикува на акција против исламската колонизација и го обвинува мултикултурализмот за пропаст на западната цивилизација. Неговиот идеолошки став е сличен на идеологијата на омраза која џихадистите ја имаат кон Западот.

Расната омраза често е силен мотив, дури и кога убијците не се обидуваат да бидат дел од глобалното движење. Дилан Руф, кој убил девет црнци, гаел длбока омраза кон сите кои не се од белата раса. За свој крвав поход го избрал Чарлстон, бидејќи таму живееле многу црнци, во однос на белци.

Гледајќи го бесот на масовните убијци лесно може да се заклучи дека нешто не е во ред со начинот на кои работат нивните мозоци. Во многу случаи и навистина нешто не е во ред со нивниот мозок. Тоа, секако се садистички фантазии, често поттикнати со насилни видео игри, филмови, онлајн материјали. Тука, често се крие и мрачна историја на злоставувања во детството, или убиецот се бори со нетретирана депресија, биполарно нарушување или параноидна шизофренија. Но, не секогаш.
Во студија од 2003 година, за бомбаши самоубијци од Блискиот Исток, се наведува дека немале значителни ппсихопатологии.

Гледајќи наназад, луѓето сметаат дека задолжително морало да постои некоја ментална болест, вели професорот Голдсмит.

„Меѓу луѓето кои им се приклучуваат на џихадистичките движења често има историја на депресија и проблеми во однесувањето. Странските борци кои доаѓаат во редовите на џигадистите, често имаат минато со направени разни кривични дела. Но, јас не би претпоставил дека на сите џихадисти може да им се дијагностицира ментална болест. Повеќе се како членови на некој култ. Мозокот им е испран и во забуда се. Бараат оправдување за насилство“, вели професорот.

Тој смета дека најголем проблем на денешницата е пристапот до оружјето.

„Ако постојат многу бесни луѓе со пристап до оружје, тогаш имате проблем“, вели Голдсмит.

Терористите кои неодамна извршија напади во Париз, биле одлучни и имале фокус и пари за своите планови. Но, млади луѓе, како споменатиот Руф и Адам Ланз кој во училиштето „Сенди Хук“, убил 20 деца и шест вработени, едноставно искористувајќи ја лесната достапност на оружјето во Америка.
Да се стане ладнокрвен убиец, како да стана модерно. Клучен фактор во масовните убиства е отуѓеноста. А, приклучување на младите луѓе кон разни екстремни групи, претставува лек од отуѓувањето и создавање чувство на припадност.