Заев и Спасовски збунети и без одговор за инволвираноста во „Фабриката за афери“ (ВИДЕО)

Заев и Спасовски збунети и без одговор за инволвираноста во „Фабриката за афери“
Заев и Спасовски збунети и без одговор за инволвираноста во „Фабриката за афери“
И лидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на СДСМ а сега и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски немаат одговор на прашањето, како и со која цел биле поврзани со осомничените во „Фабриката за афери“, пишува „Курир“.

По се изгледа дека избегнувањето на одговори станува практика на СДСМ, а зборот „не знам“, дел од нивниот секојдневен вокабулар.

На прашањето за поврзаноста, фотографиите и материјалите пронајдени кај осомничените поврзани со фалсификувавте лични карти, Заев и Спасовски одговараат:

-Целиот овој период, јас и целото раководство повикуваме  да ни пристапат граѓани кои што поседуваат докази, материјали за криминал и корупција на власта, вели Заев.

На прашањето како се нашле тие фотографиите кај осомничените, Заев вели дека тоа очекува да го покаже истрагата.

– И ја отворам можноста да се сликам и со некое осомничено лице, тоа не го менува фактот, појаснува Заев.

-Во однос на тоа дали сум имам контакт, јас имам контакт со многу граѓани на Република Македонија и од оваа и од позицијата која што претходно ја имав и тоа воопшто не е важно, вели Спасовски.

Спасовски вели дека воопшто знае дека тие лица со кои се фотографирал биле барани со потерница па одговара:

-Јас апсолутно не знам кои лица се барале по потерница, многу лица се бараат по потерница. И не знам дали треба да знам или дали треба да знае било како граѓанин на Република Македонија, заклучува Спасовски.

Избегнувањето давање одговор од страна на Заев и Спасовски фрла уште поголем сомнеж врз нив, а со збунетоста покажуваат дека само си ја „бркаат мувата од капата“.