ФОТО+ВИДЕО: Како изгледа Рамади по ослободувањето од канџите на Исламска држава

Ирачката армија денеска соопшти дека градот Рамади е целосно ослободен од канџите на Исламска држава.

„Народе на Ирак, ви носиме вест за победата на херојската ирачка армија… Го оттргнавме Рамади од канџите на Даеш (Исламска држава), ослободувајќи една населба по друга“, се вели во соопштението на војската прочитано на државната телевизија.

 

r1

Рамади, град со 400.000 жители стотина километри западно од Багдад, падна во рацете на ИСИС во мај. Тој е вториот важен град ослободен од Исламска држава, по Тикрит во април.

По Рамади војската планира да го ослободи Мосул, град во северниот дел, најголемиот град под контрола на Исламска држава во Ирак и Сирија.

„Следната година целосно ќе ја поразиме Исламска држава во Ирак“, соопшти денеска ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади, по повод ослободувањето на Рамади.

„2016 година ќе биде година на голема и конечна победа, кога присуството на Даеш во Ирак ќе биде окончано“, рече тој.

 „Доаѓаме да го ослободиме Мосул и тоа ќе биде фатален и конечен удар за Даеш“, рече ал-Абади во говорот што беше емитуван на ирачката телевизија.

r2