Расте цената на нафтата на светските берзи

Во Лондон барел нафта достигна ниво од 33,29 долари, а на американската берза барел се продаваше за 30,42 долари.

Расте цената на суровата нафта на светските берзи откако Русија потврди дека по пауза од повеќе години ќе разговара со ОПЕК за намалување на дневното ниво на производство на сурова нафта.

Во Лондон барел нафта достигна ниво од 33,29 долари, а на американската берза  барел се продаваше за 30,42 долари.

До следната корекција на цените што ја врши Регулаторната комисија за енергетика која е закажана за 8-ми февруари има една недела, а истовремено опаѓа и курсот на доларот во однос на денарот.

Во моментов малопродажните цени на бензините во Македонија се на рекордно ниско ниво. Во архивата на Регулаторната комисија во која најстариот извештај датира од март 2006 година не можете да најдете одлука со пониски цени.

Сега, на бензинските пумпи низ Македонија ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 57,5  денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 59,5 денари а литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 39 денари.