Битолчанка изгреба 500.000 денари на „Детелинка“

Премија од 500.000 денари од инстант лозот Детелинка е изгребан во Битола.

Среќната добитничка е битолчанката Кристина Јовановска, која лозот го купила од продажното место Крисми-Трејд на Широк Сокак.

Кристина е редовен играч на сите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија.  Редовно ги игра своите среќни броеви во НовоЛото 7/34, а исто така не пропушта шанса да изгребе и некој инстант лоз.   Досега таа се има радувано на поситни парични добивки, но овој пат среќата беше на нејзина страна и се израдува на премија вредна 500.000 денари.

-Лозот Детелинка беше лансиран на крајот на 2012 ,а нуди само парични добивки од кои 5 добивки по 500,000 денари ,десет добивки по 100.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1.000 денари. Затоа не пропуштајте ја шансата , најдете ја својата среќна детелинка, и за само 30 денари станете добитник на големи парични добивки, наведено е во соопштението на Државната лотарија.