Нов центар за иновативен бизнис во Скопје

Нов коворкинг простор и акцелератор за претприемачи и компании во рана фаза од развојот наречен „Хаб“ во кој младите ќе можат да ги развиваат бизнис идеите денеска беше отворен Скопје.

Според директорот на УСАИД во Македонија Џемјс Стејн, Хаб Скопје на претприемачите ќе им помогне во нивното созревање.

– Корисниците на „Хаб“ ќе имаат пристап до информации, поддршка и совет од професионалци, пристап до потенцијалните клиенти и пазари како и можност да ги престават своите идеи на членовите на Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија, истакна Стејн, пренесува МИА.

Појасни дека Хаб ќе биде заедничко работно место во која ќе се оствари една мрежа помеѓу персоналот, односно, како што рече, на менторите со нивните клиенти, што ќе преставува шанса за да се научи нешто ново.

Катерина Штокер од  Амбасадата на Швајцарија во Македонија истакна дека Хаб просторот ќе им обозможи на сартап компаниите и креативните поединци да разменуваат идеи со нивните истимисленици, да имаат пристап до работно место и да имаат подршка преку менторство од искусните претприемачи.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2012 година во вредност од 1,949 илиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, ментерство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд.