Девет лица загинаа при напад против припадници на ПКК

Најмалку девет лица загинаа денеска кога турски воени хеликоптери нападнаа група припадници на Курдската работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на Турција.

Нападот го извршиле хеликоптери од типот „кобра“ рано изутринава додека групата курдски бунтовници се движела низ планински предели кон областа Идли во провинцијата Ширнак, во близина на границата со Сирија.

Во некои делови на Идли минатата недела беше воведен 24-часовен полициски час во рамки на безбедносните операции против екстремисти.