Денеска се распушта српскиот парламент – Викендов ќе бидат распишани изборите

Претседателката на српскиот Парламент (Скупштина), Маја Гојковиќ, изјави дека денеска, по гласањето закажано за 13 часот, може да се очекува распуштање на пратениците во пресрет на распишувањето на изборите во Србија, додавајќи оти истото зависи од тоа кога премиерот Александар Вучиќ ќе упати образложение.

„Уверена сум дека ова е последна седница на овој состав на Парламентот. Тогаш можеме да очекуваме дека наскоро ќе бидат распишани изборите“, изјави Гојковиќ за РТС.

Вучиќ потоа има 72 часа да одлучи кога ќе ги распише изборите, а се очекува одлуката да ја соопшти во тек на викендот.

„Уверена сум дека е економично и ефикасно изборите (што ќе бидат на сите новоа – парламентарни, локални, покраински – во еден ден, н.з.) да бидат на 24 април, како што е најавено. Верувам и дека претседателот Томислав Николиќ ќе ја послуша сугестијата на премиерот“, изјави Гојковиќ.