Новинарките за мажите се интелигентни, со брзи реакции и секси стил

Додека жените најмногу се возбудуваат на грижливи, полни со поддршка и авторитативни лекари, новото истражување покажало дека мажите најчесто ќе одлепат за жена која е адвокат во борба за човековите права. На второ место се новинарките, бидејќи мажите ги гледаат како интелигентни жени со брзи реакции и секси стил.

Истражувањето го спровела Мари Балфоур, жена која веќе три децении ја води првата британска агенција за запознавање.

Како што се покажало, правниците кои се борат за човековите права и новинарките се оценети како „жени од соништата“ додека, за дамите тоа се докторите, архитектите или некои креативни професии.

Оваа анкета покажува дека модерните жени очигледно бараат маж кој се занимава со интересна или возбудлива работа или онаа со која се изразува грижа спрема другите, додека моќниците и „грабливците“ како што се банкарите се во втор план.